×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СВР: Граѓаните да не наседнуваат на шпекулациите за киднапирани деца

    06.05.2010 13:01 | KumanovoNews

    Информациите кои деновиве се шират, дека имало грабнување и обиди за киднапирање на деца по градот се чисти шпекулации, тврдат од СВР Куманово. Од полицијата апелираат граѓаните да не се вознимуруваат и да внесуваат страв кај своите деца, бидејќи нивното движење низ градот е безбедно.

    СВР: Граѓаните да не наседнуваат на шпекулациите за киднапирани деца

     Ги повикувам граѓаните на Куманово, и најчовечки ги молам да не наседнуваат на провокации и шпекулации од типот дека во градот се грабнуваат, киднапираат и исчезнуваат деца. Како прв човек на кумaновската полиција најодговорно тврдам дека освен двете исчезнати деца од ромските населби Средорек и Бавчи, нема пријавено исчезнување на други деца - вели началникот Љубомир Ѓурчески.

     Тој тврди дека полицијата е постојано на терен и работи на проверка на изнесените шпекулации и дека нема основа за страв кај граѓаните.