×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тепачка на ученици во дворот на „Вук Караџиќ„

    07.05.2010 15:07 | KumanovoNews

    Двајца осмооделенци од ОУ „Вук Караџиќ“ во Куманово, завршиле во болница со дупнати глави, откако нивни врсници од соседното основно училиште „Наим Фрешери„ ги удриле со боксови и камење.

    Тепачка на ученици во дворот на „Вук Караџиќ„

    Според очевидци инцидентот се случил вчера попладне кога осмооделенец сакал да влезе во училиштето, а група ученици Албанци без причина го удриле по лицето. Кога неговите соученици виделе што се случило притрчале да му помогнат и почнале да ги бркаат напаѓачите.Тие побегнале од училишниот двор и почнале со камења да маваат кон нив. Брзо потоа се вратиле во друштво на повозрасни лица, кои со себе имале и оружје и пукале во воздух.

    Од полицијата потврдија дека во два одвоени случаи вчера попладне имало два физички напади врз малолетници пред училиштата, кои ги извршиле непознати лица.

    Полицијата работи на утврдување на идентитетот на сторителите и нивно пронаоѓање, како и на околностите под кои се случиле пресметките. Проверуваме и дали имало закана со оружје врз едно од нападнатите лица, но наводите дека е пукано во воздух не се точни- велат од таму.

    Директорот на „Вук Караџиќ„ знае дека вчера имало тепачка во училишниот двор, и најави дека во текот на денот ќе се сретне со колегата од „Наим Фрешери„ да го разгледаат проблемот.

    Повредените момчиња со расекотини на главите, по извршената хируршка интервениција биле пуштени дома.