×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тетовo, Куманово, Битола и Скопје на листата најзагадени градови во светот

    06.03.2019 10:50 | KumanovoNews

    Тетово, Куманово, Битола и Скопје се најдоа на листата на најзагaдени градови во светот за 2018 година, според анализата изработена од меѓународната невладина еколошка организација „Гринпис“ и „Ај Кју Еар Вижуел“, група со седиште во Швајцарија, која глобално го следи аерозагадувањето.

    Тетовo, Куманово, Битола и Скопје на листата најзагадени градови во светот

    На листата од 3.000 градови, од македонските градови Тетово е највисоко на 169 место, Куманово на 261, Битола на 280 и Скопје на 315 место.

    Од регионот за најзагаден град е посочен Живинице во Босна и Херцеговина, кој се наоѓа на 102. позиција, а му прават друштво уште три босански градови: Грачаница на 137 место, Сараево 240 и Тузла 289 место.

    Меѓу првите 500 најзагадени градови на листата, од Западен Балкан по аерозагаденоста се и Приштина на 373 место и Софија која е 422.