×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата одобри 20 милиони денари за Индустриската зона Куманово

    26.12.2018 11:15 | KumanovoNews

    Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за одобрување на финансиски средства за Индустриската зона во Куманово.

    Владата одобри 20 милиони денари за Индустриската зона Куманово

    Се работи за 20 милиони денари, кои деновиве ќе и бидат префрлени на Општина Куманово на посебна сметка и ќе се искористат исклучиво за инфраструктурно уредување на Индустриската зона во селото Речица. Со тоа ќе се создадат услови зоната да заживее и да биде примамлива за домашните и странски инвеститори, - изјави потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

    Средствата ќе се искористат за изградба на водоводна и канализациона мрежа, атмосферска канализација, пречистителна станица и асфалтирање на улици.  

    Од Општина Куманово велат дека тие се подготвени да ги искористат предвидените средства, бидејќи изработката на проектната докуменатција е во завршна фаза.

    Индустирската зона Куманово е неменета за мали и средни претпријатија со лесна незагадувачка индустрија, а предвидена е и изградба на хотел. Се наоѓа покрај автопатото Куманово- Табановце, во близина на селото Речица. Формирана е пред десетина години, но без подршка на предходната централна власт не успеа да се развие и да стане атрактивна за инвеститорите.  Затоа досега се продадени само 8 од педесетина парцели.

    Со оглед на добрата местоположба и условите што ќе се создадат, се очекува Куманово конечно да добие атрактивна индустриска зона, како во другите општини.