×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ не гледа дека локалната власт нешто работи

    01.12.2018 13:33 | KumanovoNews

     Од оваа локална власт на СДСМ, не гледаме справување со енормното загадување во нашата општина, туку изјави од претседателот на Советот дека ситуацијата не е алармантна, пропратени со организација на скапи мега концерти и прослави.

    ВМРО-ДПМНЕ не гледа дека локалната власт нешто работи

    Не гледаме економска консолидација на Општина Куманово и намалување на големата невработеност, туку гледаме Општина која работи под минимална судска резерва, заради големата заглавеност во долгови, кои заедно со јавните претпријатија, надминуваат еден милион денари. Не гледаме справување со корупцијата и криминалот, туку зголемен криминалитет и владеачка партија која узурпира голем општинскиот имот и го издава под кирија на правни субјекти, користејќи ги овие финаниски средства за свое нелегално финансирање. Не гледаме ефикасна општинска и државна администрација која ги решава проблемите на граѓаните, туку администрација која со децении не успеја да го реши проблемот со дивите депонии во центарот на градот, која општинските тендери со години ги доделува на едни исти фирми, кои или се нивни спонзори или се блиски до функционерите од оваа партија, администрација која во 21 век го нема решено водоснабудувањето, канализацијата и други основни комунални проблеми во општината, - пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите.