×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово нема жртви на сексуални напади

    26.08.2010 13:37 | KumanovoNews

     Во  Куманово во првите шест месеци од годинава нема регистрирано случај за полов напад врз дете. На територијата на целата држава регистрирани се вкупно 41 кривично дело извршени над 43 малолетници, за што кривично се пријавени 48 лица.

    Во Куманово нема жртви на сексуални напади

     Сексуалните злоупотреби на малолетници се најзастапени во Неготино- 6 кривични дела, потоа Скопје и Прилеп по 5 кривични дела, Струмица- 4 кривични дела, по 3 дела во Кочани и Велес, по 2 во Кичево, Штип и Битола и по едно на подрачје на Гостивар, Виница, Радовиш, Пехчево, Кавадарци, Крива Паланка, Охрид, Тетово и Струга.

    При тоа, за обележување е дека 31 од делата се извршени во градски средини, а останатите во рурални подрачја.

    Во однос на истиот период од минатата година забележано е намалување на  18 проценти, односно лани беа регистрирани 50 кривични дела каде малолетниците биле објект на напад.

    Според видот, најзастапено е кривичното дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години„ -30 дела, 5 кривични дела „прикажување на порнографски материјал на малолетник кој не наполнил 14 години„, четири кривични дела „силување„ и по едно кривично дело „задоволување полови страсти пред друг„ и „обљуба врз немоќно лице„.

    Според начинот на извршување, сторителите во четири случаи дирекно употребиле физичка сила за извршување на делата, во три случаи ја искористиле психофизичката немоќ на жртвите, во седум случаи сторителите свесно стапиле во вонбрачна заедница со малолетнички, а во останатите случаи делата се извршени со вербална закана.

    Инаку, во 37 од случаите сторителите делата ги извршиле поединечно, а во во четири случаи злоупотребите се извршени од двајца, односно група од тројца и четворица сторители. Жртви на сексуалните злоупотреби се 34 девојчиња, и двет момчиња. Притоа најмладата жртва на сексуална злоупотреба е на возраст од седум години. Што се однесува до сторителите на овој вид на кривични дела, 47 се од машки пол и едно лице од женски пол, 33 од нив се полнолетни и 15 малолетни, најстариот сторител е на возраст од 69 години, претежно невработени лица со неоформено образование.