×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово помалку се родиле повеќе умреле

    12.06.2018 08:46 | KumanovoNews

    Во Куманово во првите три месеци од годината имало повеќе починати лица отколку родени.

    Во Куманово помалку се родиле повеќе умреле

    Слична е состојбата и во Општина Старо Нагоричане, за разлика од Липково каде состојбата е обратна.

    Според Заводот за статистика во првото тромесечие од 2018 година се родиле 260 новороденчиња, а починале 307 лица. Природниот прираст е - 38. Во Старо Нагорилене се родиле 14 бебиња, а починале 20 лица. Природниот прираст е - 7. Во Липково се родиле 90 новороденчиња, а починале 57 лица. Природниот прираст е 33 лица.

    На ниво на државата бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 1.6 % и изнесува 5 255 живородени деца.

    Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2018 година бележи  намалување од 11.4 % во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 5 432 лицa, а  од нив 22 се умрени доенчиња.

    Природниот прираст изнесува -177, што значи за  толку  лица е помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица.