500x100-1
22. 02. 2010 16:01

Водовод ги санираше дефектите на главниот вод

Водовод ги санираше дефектите на главниот вод

 ЈП „Водовод„ во изминатиот период работеше на санирање на последиците од дефектите на водоводната мрежа што за време на новогодишните празници предивикаа прекин на водоснабдувањето во градот.

 Целосно се отстранети недостатоците на цевководот во селото Лопате и на мрежата во населбата Бедиње кај ФЗЦ.

  - Овие две точки се приоритени за санација, бидејќи цевководот е стар повеќе од 30 години. Санацијата ја вршиме со средства од јавното претпријатие. Истовремено се работи и на секојдневните обврски на постините дефекти во водовoдната мрежа - вели Виктор Божиновски, директор на ЈП „Водовод„.

  Во моментот водоснабувањето на градот се овива нормално. Во филтер-станицата на Водовод, од двете акумулации пристигаат 200 л/с вода , и доплнителни 100 литри во секунда од алтернативните извори во селата Проевце и Бедиње.