×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Воените ветерани се поклонија пред спомениците на Тито и Гоце

    04.05.2019 10:22 | KumanovoNews

     Членови на Здружението армиски и полициски ветерани денеска ја одбележаа годишнината од смртта на Јосип Броз Тито и Гоце Делчев.

    Воените ветерани се поклонија пред спомениците на Тито и Гоце

    По повод 39-годишнината од смртта на врховниот командант и доживотен претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, цвеќе положија пред споменикот на Тито во центарот на градот. Тито почина на 4. мај. 1980 година во Љубљана по кратко боледување. За  неговиот лик и делото зборуваше Томислав Стојковски, полковник во пензија.

    „Се што доби Македонија како држава е во времето на владеењето на Тито. Сите државни атрибути: јазик, националност, образование, култура, Академија на науки, а и од регионалниот аспект добива автокефална црква. Тито никогаш не беше против религијата и религиозните чувстава на граѓаните, туку не дозволуваше да се меша црквата во политиката. Работничите права и заедништвото на народите беше придобивка од поранешната држава СФРЈ, кои денеска ги промовираат т.н. демократи,- изјави  Томислав Стојковски, член на здружението.

     Ветераните оддадоа почит и на македонскиот револуционер Гоце Делчев, пред бистата во дворот на истоимената гимназија. Гоце Делчев загинал на 4 мај во селото Баница 1903 година.

    Гоце Делчев е роден на 4 август 1872 година во Кукуш, Егејска Македонија. Како млад пројавува револуцинерни идеи за борба и права на сите луѓе, а посебно за македонскиот народ, за негово осамостојување и создавање на своја македонска држава. Гоце Делчев беше учител и револуционер, кој треба да ни биде гордост и да се сеќаваме на неговата порака - Јас го разбирам светот како поле за културно натпреварување на народите“, - изјави Борко Стојановски.