×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши детскиот ликовен камп „АСНОМ 2018“

    21.06.2018 12:45 | KumanovoNews

    Денеска беше затворен  детскиот ликовен камп „АСНОМ 2018“, кој во изминатите 4 дена се одржа во меморијалниот центар „Пелинце“, во организација на Фондацијата за спорт и култура и Секторот за култура на Куманово.

    Заврши детскиот ликовен камп „АСНОМ 2018“

    На кампот учествуваа 30 ученици од сите основни училишта, како и штитениците од Центарот за лица со попречен развој „Порака наша“.

    „Направени се околу 100 дела во сите техники и ќе бидат доделени на „Порака наша“. Ова го правиме со цел да го поттикнеме уметничкиот дух и креативноста кај децата, а ликовниот камп секоја година станува се популарен. Истиот е извор на нови ликовни таленти и Општина Куманово ќе ги поддржува манифестациите од ваков карактер“ - изјави Десанка Стошевска, секретар на Општина Куманово.

    На завршницата од детската ликовна колонија на учесниците им беа доделени благодарници за учеството.

     Детскиот ликовен камп се одржува по 8 пат.