×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши проектот „Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјално претприемништво”

    14.06.2019 09:28 | KumanovoNews

    На завршна конференција беа презентирани резултатите од имплементацијата на проектот „Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјално претприемништво”, кој во изминатите 18 месеци го спроведуваше Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово.

    Заврши проектот „Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјално претприемништво”

    Проект менаџерот Оливер Трајковска вели дека се задоволни од постигнатите резултати, поради мотивираноста на целиот тим кој работел на проектот.

    Во текот на имплементацијата на проектот многу лица се вработија или почнаа хонорарно да работат, а има млади кои работат како волонтери во повеќе граѓански организации. Работевме со најранливата категорија на социјални групи, а со професионалниот тим успеавме да ги мотивираме да ги квалификуваме да ги вклучиме и обучиме во дигитален маркетинг и социјално претприемништво, а дел од нив изработија бизнис планови и имаа можност да патуваат во Република Бугарија да посетат социјални претпријатија. Тие веќе имаат основа со која стануваат конурентни на пазарот на трудот, - вели Трајковска.

    Реализација на проектот позитивна ја оцени и Димитар Ташевски, поради тоа што едукативните и практичните обуки дале резултати како лицата полесно да дојдат до работа и како да започнат сопствен бизнис.   

    „Веќе имаме добри практични позитивни резултати, еден дел од организации кои беа присутни во вториот дел почнаа да се вмрежуваат по региони, имаме два конкретни проекти од кои едниот е реализиран, а другиот е во фаза на реализација. Значи она што го зацртавме на терен го резлизиравме. Во наредниот проект ќе продолжиме со поддршка на оние кои што сакат да отпочнат сопствен бизнис“, - изјави Ташевски.   

    Проектот е финансиран од Европската Унија преку Секторот за централно финансирање и склучување договори ,  Министерство за финансии на Република Македонија, во рамки на грантовата шема за имплементирање проекти насочени кон зголемување на конкурентоста на земјите кориснички, а истиот се имплементира од страна на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово во партнерство со Мултиеничка организација на жени ЛИНДА Куманово.