×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Згасна Дописниот центар во Куманово

    24.10.2018 08:45 | KumanovoNews

    Дописниот центар во Куманово, кој се наоѓаше во приземјето на Mузичкото училиште „Панче Пешев“, повеќе не постои.

    Згасна Дописниот центар во Куманово

    Локалната самоуправа ги истера новинарите од просториите, за да ги даде на користење на училиштето.

    Во објектот повеќе од 40 години работеа новинарите дописници од повеќе телевизии, весници и интернет портали, а таму беше сместена и канцеларијата на Регионалниот центар на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за Североисточниот регион.

    Дописниот центар е отворен во 80-тите години на минатиот век за потребите на медиумските куќи МТВ, Македонско радио, Нова Македонија, Вечер и Флака.

    Со одлука на тогашното Собранието на Општина Куманово и со финансиска помош на стопански субјекти во градот, а како поддршка на локалното новинарство, во просториите на некогашното домаќинско училиште новинарите добиле современ простор за работа. 

    Плејада на новинари за домашни и странски медиуми поминале низ овој центар. Во оваа заедничка редакцијата работеа и  дописниците на Телма, Сител, Канал 5, Вест, Дневник, Утрински Весник и другите медиуми во градот. Од тука се испратени најубавите и најтажните приказни од Куманово и од кумановското секојдневие, а за време на воениот конфликт во 2001 година беше најпосетуваното место од домашните и странски новинари.

    Новинарите очекуваа дека локалната власт ќе има повеќе разбирање за нивната работа, па по примерот на нивните предходници во поранешната држава ќе помогне дописништвото да прерасне во современ регионален прес центар, како што е случај во другите градови и во соседните земји, се заради афирмација на граѓанските вредности и подобрување на информирањето.

    Но, за жал тоа не се случи, па Куманово остана без уште едно препознатливо место, кое беше белег на едно време и на една професија.