500x100-1
21. 07. 2018 18:44

5 тренди нијанси на коса кои ќе се носат оваа есен

5 тренди нијанси на коса кои ќе се носат оваа есен

Летото полека поминува, но вистинските обожавателки на наијансирање на коса воопшто не жалат за тоа. Тие знаат дека се ближи нова сезона која нуди невидени трендови за поскуваните тестирања и проби.

Според кажувањата на холивудските фризери ова се најпопуларните нијанси за оваа есен:

1. Црвената боја на коса ги има освоено сите њујоршки модни писти и ревии, така да не е тешко да се заклучи дека нијансите на оваа боја ќе станат хит. Доколку сте заинтересирани баш за овој колорит фризерите препорачуваат да одите кон бакарните тонови и да се припремите за повеќечасовно седење во салоните за да ја одржувате бојата свежа и убава.

2. Костен-кафеава боја е најочекуваната за оваа есен. Бринетите со бакарни прамени ќе бидат најбројни за оваа сезона. На овој начин убивата две муви со еден удар-ќе добиете тренди црвен сјај, а нема да мора во потполност да ја промените бојата на косата.

3.Jагода плава (strawberry blonde) боја која повторно се враќа во мода. Блондинките со желба за промена можат да ја изберат оваа опција и да ја прошараат косата во нијанса на своето омилено црвено овошје. Со црвената боја мора да бидете внимателни. Прво испробајте со еден прамен и доколку ви се допадне продолжете понатаму и успехот е загарантиран.

4. Сјајна темно кафеава коса за која најважно е само да го одржувате сјајот, а најдобар начин за тоа е двапати неделно посета на фризер и третмани за коса.

5. Пепеласто плава коса и понатаму е во тренд, но за време на есента најприфатливи се сепак мат варијантите. Овој колорит изгледа многу по природно за време на дожд.

5 тренди нијанси на коса кои ќе се носат оваа есен