500x100-1
05. 09. 2019 08:01

Дневен хороскоп (05.09.2019)

Дневен хороскоп (05.09.2019)

 Дневен хороскоп (05.09.2019)

Овен

Денес, можеби ќе се најдете пред многубројни опции, но имајте самодоверба, затоа што ќе успеете да ги искоординирате работите. Бидете горди на себе, зашто и другите ќе бидат. На работа, воглавно, ќе морате да ја завршите сами, затоа фокусирајте се на обврските и искористете ги вашите способности.

На љубовен план ќе бидете малку несигурни, па ќе продолжите да се преиспитувате дали тоа што го имате е тоа што го сакате.

Бик

Бидејќи ви се "заканува" можноста вашите емоции да не можете да ги исконтролирате, не ја потценувајте моќта на смирената комуникација. Иако ќе бидете дел од интелектуален вербален натпревар, не заборавајте на вашата искреност, која е ваша главна одлика. Исто така и на професионалното поле ќе се чувствувате нестабилно, очигледно е дека треба да направите промена во пристапот кон работата.

Барем, денес, во љубовта бидете дипломат, за да успеете да го избалансирате напорниот ден, не дозволувајте да ве понесе фрустрацијата.

Близнаци

Денес внимавајте на нечија чувствителност за одредена ситуација, зашто таа личност за вас ќе биде важен "извор".  Пред вас е ден во кој ќе успеете да излезете на крај со сите зададени цели. На професионално поле, ќе бидете вистинска бомба, дајте се' од себе за да не "пукнете".

На љубовен план, денес ќе чувствувате притисок од партнерот, доколку не може да ве разбере, застанете се и запрашајте се за вашите приоритети. Бидете иницијатор за разговор, без бурни емоционални реакции.

Рак

Поразговарајте со вашите пријатели, престанете да држите се' во себе. Кога човек признава дека не му е добро, само тогаш може да му се помогне. На работата, фатете се за најважната ваша идеја и спроведете ја, не се плеткајте во десет други.

Доколку, во последно време заборавате на потребите и желбите на вашиот партнер, обидете се да го поправите тоа. Ако имате желба, вечерта да ја поминете во кругот на пријателите, оставете го тоа за некој друг ден, посветете се целосно на вашиот партнер.

Лав

Направете интеракција со вашите пријатели: одете во кино, библиотека, музеј или каде и да сакате да одите. Внимавајте само вашите муабети да не се претворат во оговарање. На работата, после долго време може да бидете заводливи на некој друг, зашто вие веќе долго време стоите во место. Но, подобро е да се придружите кон победничкиот тим, отколку да бидете губитник.

На љубовен план, ќе почнат луѓето да ви ја откриваат вашата врска, а доколку не сте во врска, денес една личност ќе се обиде да воспостави контакт со вас.

Девица

Ќе имате чувство дека многу мал број на луѓе ве разбираат. Бидејќи само вие знаете како се чувствувате, бидете "сам свој газда". Не е важно што луѓето нема да успеат да ве разберат. На работата, денес не измислувајте топла вода, некој пред вас тоа го направил. Фокусирајте се на она што најдобро го правите и знаете.

На љубовен план, ако сте во подолга врска или во брак, очекувајте приговори, бидејќи во последно време трошите многу повеќе време на работата отколку на љубовта. Ако бидете премногу самоглави, очекувајте дека тоа ќе ви се одрази на подолга патека.

Вага

Денес ќе бидете во состојба да се прилагодите на секоја ситуација. Ќе бидете полни со енергија и лидерски дух, клучната работа за вас денес е да се дружите со позитивни луѓе. Искористете го знаењето и мудроста кои ги имате на работата, но не заборавајте дека покрај знаењето е потребна и макотрпна работа.

Слободните претставници на овој хороскопски знак, можно е да бидат позитивно изненадени од љубовниот живот. Можеби, ќе ви се појави личност од ваше опкружување или ваш претходен партнер, во секој случај ќе биде некој што го познавате, но денес дејствувајте со срцето.

Шкорпија

Не си го трошете целото време, размислувајќи на проблеми. Денес е можно да влезете во некој "круг", од кој тешко ќе можете да излезете. На работата не е време кога треба да заглавите со нешто кое ве прави незадоволни, поместете го фокусот.

Љубовниот живот во овој период ви влијае негативно, воглавно поради вашите брзи реакции. Застанете за миг "пред да се истрчате".

Стрелец

Денес е вашиот ден! Доколку се обидете да скршнете од вашиот пат, нешто повторно ќе ве врати на вистинскиот пат. На работата бидете тимски играч, зашто на тој начин ќе можете да постигнете подобри резултати. А доколку треба да влезете во огин, влезете и борете се за она кое го сакате.

На љубовен план, денес е вашиот ден кој ќе ви донесе повеќе возбудување, т.е авантури. Доколку сте во врска или брак, ќе сакате да бидете во центарот на вниманието.

Јарец

Со еден погрешен чекор ќе бидете целосно исфрлени од колосек. Затоа не комплицирајте премногу, нека ви биде бистра главата за одлуките кои треба да ги донесете. На работата постојано ќе сте во трчање, но не заборавајте дека клуч на успехот е да раководите со различни луѓе и задачи, во исто време.

На љубовен план, доколку сте во долга врска ќе имате големо влијание врз вашиот партнер. Доколку сте слободни, бидете сигурни дека луѓето околу вас нема да можат да и' одолеат на вашата енергија.

Водолија

Нешто или некој, денес, ќе предизвика страв кај вас. Но, тоа ќе ви биде потребно за да го направите она што морате. Различни можности се пред вас, само треба да ги откриете. На работата се можни проблеми, односно некој ќе ви кажува што треба да работите, а тоа нема да е во негова надлежност. Избегнете конфронтација и обидете се да си работите.

На партнерот, престанете, да му поставувате нереални цели. Доколку се' уште размислувате за некој/а кој/а е во врска, ставете се на местото на партнерот.

Риби

Можно е луѓето околу вас да ви ја покажат нивната желба за доминација. Не бидете импулсивни и нервозни, на ситуацијата пристапете и' опуштено. Прифатете и дека другите луѓе размислуваат на друг начин. Додека пак, на работата ќе биде сосема поразлично, вие ќе бидете ѕвездата.

Доколку сте слободни и добиете понуда за работа во странство, голема е можноста, околу истата работа, да запознаете некоја личност која ќе биде шармантна и привлечна. Оние кои се во врска, можно е да планираат заедничко патување.