500x100-1
11. 09. 2019 08:38

Дневен хороскоп (11.09.2019)

Дневен хороскоп (11.09.2019)

Дневен хороскоп (11.09.2019)

Овен  

Според астролошките уверувања, овој ден би требало да биде еден од најубавите ваши денови во текот на овој месец. И не заборавајте, не е само среќа, туку и ваша заслуга.

На работата, може да забележите дека некој е сосема надвор од колосек. Доколку ситуацијата излезе од контрола, не плашете се да се посоветувате со надлежните.

Иако знаете дека го сакате партнерот кој го имате изберено, сепак понекогаш не знаете да се носите со вашата своеглавост. Не одете со главата во ѕид, за да не зажалите. За слободните припадници на овој знак, голема е веројатноста да запознаат некој во друштвото.

Бик  

Доколку денес имате можност вие да бидете лидер, не плашете се и не избегнувајте ја ситуацијата, понекогаш коцките сами си се местат.

На работата одамна немате чистено? Можеби навидум ова делува смешно, но астрологијата денес вели дека ќе ви е потребен расчистен простор за подобро функционирање. Сепак, добро разгледајте ги работите пред да ги фрлите.

Работите на љубовното поле почнаа да ви се комплицираат? Размислете, дали својата љубов ја имате подарено на некој на кој не му се расчистени сметките! Во матната вода ништо не се гледа јасно. Можеби, денес треба повеќе да се посветите на пријателите, за да си ја разбистрите главата.

Близнаци  

Работа, работа и само работа! Дали размислувате во што ви се претворува животот? Во последно време гледате само на големите работи. Свртете го погледот кон поситните работи кои ќе ве доведат до поголемите.

На работата, можно е некој да сака да ви се препречи на патот. Меѓутоа, внимавајте да не паднете во неговата замка, па самите вие да бидете повредени.

На љубовното поле, однесувајте се посериозно како што знаете и со работата, она што го барате од партнерот, овозможете му го и нему. На слободните припадници на овој хороскопски знак, им стои флерт на видик.

Рак  

Престроги бевте во последно време со самите себе? Опуштете се! Раширете ги сопствените крилја, зашто само кога сте слободни можете целосно да љубите.

На професионалното поле можно е да го видите светлото на крајот од тунелот. Сепак, слушајте што зборуваат другите, може одговорот да е токму таму.

Во врска сте, а сепак сте склони кон флерт? Обидете се да се ставите на другата страна, понекогаш неискреноста најмногу боли. Не повредувајте го партнерот кој ви значи. Колку повеќе давате, толку повеќе ќе добивате.

Лав  

Бидејќи, денес ѕвездите ви помагаат, што и да се случи ќе се чувствувате како да имате заштитник. Можеби, ќе посакате да направите нешто ново, па ќе имате енергија и за истото.

На работата внимавајте на непосакуваните зборови во комуникацијата. Доколку некој сака да манипулира со вашата информираност, не го дозволувајте истото.

Иако надворешно изгледате дека сте сосема во ред, внатре во себе чувствувате немир, зашто веќе долго време се обидувате да му покажете на партнерот колку ви значи. Бидете отворени, можеби станува збор само за ваша проекција на вашите насобрани грижи.

Девица

Иако вие како знак сте склони на добра комуникација, сепак пишувањето го ставате во заден план. Размислете како да го вметнете во вашата работа, истото може да ви донесе поголем успех.

Бидејќи одамна немате послушно совет од некој повозрасен на работата, денес направете промена. Неговите зборови можат за вас да вредат злато.

На љубовното поле, ќе бидете расположени да му ја покажете љубовта на вашиот партнер, иако постојано сте стресни на работата. Доколку немате партнер, тогаш голема е веројатноста да стапите во контакт со некој кој е доста помлад од вас, но тоа нема да ви претставува проблем.

Вага

Доколку во последно време сакавте да живеете на некое друго место, денес истата желба ќе ви биде со уште поголем интензитет. Истото може да ви се одрази и врз семејството, обидете се да го исконтролирате бесот.

Бидејќи имате добро око, на работата, обидете се денес да внимавате на деталите.

Слободните припадници на овој знак може да ги очекува средба со некој иста амбициозна личност. Немојте да се изненадите доколку се заљубите во личност која целосно и' е посветена на работата, зошто таквите луѓе често знаат да бидат попривлечни. Затоа, полека со идеализирањето.

Шкорпија

Ве очекува "напорен љубовен ден", односно бидејќи неколку дена не сте биле толку блиски со партнерот, тој денес сосема ќе биде расположен да ви го посвети своето време. Слободните припадници на овој хороскопски знак ќе бидат доста привлечни за спротивниот пол, но и за друштвото.

Стрелец

Доколку во текот на денот ве мачат некои финансиски прашања, седнете и направете си мал потсетник до каде сте стигнале со трошењето на парите. Иако, навидум е "страшно", сепак ќе ви помогне да си ги намалите подоцнежните грижи.

На работата некој се обидува да ја поткопа вашата идеја, не дезволувајте секогаш вашето да биде пазарна вредност.

Понекогаш пресвртот на работите во животот и ние самите си го овозможуваме. Бидејќи долго време бевте некој кој скромно молчеше, можеби треба да свртите нова страница и отворено да поразговарате со вашиот партнер за она што ви пречи.

Јарец

Денес е денот кој ќе ви донесе мир. Ќе се најдете во пријатно опкружување од најблиските кои ќе знаат на кој начин да ви ја покажат нивната љубов.

На работата ве очекува успех, она што треба да го направите е само да внимавате на деталите и да им дадете можност и на другите да ви помогнат.

Бидејќи во текот на денот ќе бидете зафатени со работата, не ветувајте му на партнерот нешто кое нема да може да го исполните. Слободните припадници на овој хороскопски знак, денес постојано ќе се во друштво и можно е да запознаат личност за која "во главата" ќе си прават подолгорочни планови.

Водолија

Вие сте често упорна личност, па истото ќе се одрази и денес врз вас. Сите ќе ве поддржат во вашата упорност, но тоа и не значи дека они не можеле истото да го направат, туку дека кренале раце оти станува збор за потешка работа.

На работата, доколку денес разговарате на мобилен телефон, обидете се истото да го направите кристално јасно.

На љубовното поле, може да доживеете мало разочарување, затоа што некој ќе се обиде да вмеша прсти во вашиот љубовен живот. Не донесувајте одлуки пребрзо, пред да видите како стојат работите.

Риби

Денес, не само што им е потребен одмор на луѓето кои се наоѓаат околу вас, туку истото ви е потребно и на вас. Па искористете дел од денот за да си дозволите да поуживате.

На работата, обидете се да и' дадете можност на некоја трета личност да се искаже, затоа што најчесто третите личности секогаш се запознаени со ситуацијата кога на некои две страни ништо не им е јасно.

Овој ден, вие ќе бидете расположени за романтични зборови за вашиот партнер, по неколку дена пауза. А пак слободните припадници на овој хороскопски знак ќе се потрудат своето време да го посветат на семејството.