500x100-1
08. 08. 2019 13:19

Ние заслужуваме подобро

Ние заслужуваме подобро

Ајде, да застанеме за момент и да размислиме: Што е она што ние го сакате?

Кога почнуваме да се соочуваме со она што го сакаме, ние почнуваме да се блокираме. Зошто? Затоа што во суштина на нашето верување, ние мислиме дека не го заслужуваме тоа што го посакуваме. Всушност, клучот на решението е во начинот на кој ние гледаме на нашата заслуженост. Најчесто, нашето чувство за незаслужување потекнува од нашето детство.

Еден од начините, кој се препорачува, за да се справиме со оваа состојба е на глас да изговориме што сакаме и да ги сослушаме мислите кои не' блокираат. Запишете ги тие мисли и размислувајте зашто е тоа така, вели Лујза Л.Хеј, во нејзината книга „Моќта е во вас“.

Единственото нешто кое н`е спречува нешто да заслужиме е нечие верување или мислење, кое сме го прифатиле како вистина.

Туѓите размислувања од нас прават луѓе кои се хаотични, луѓе кои губат работи и се повредуваат. За почеток, ако сакаме да започнеме со промена, можеме на еден лист хартија или како потсетник на мобилниот телефон да напишеме:

Јас можам.

Јас заслужувам.

Јас се сакам себеси.

Потоа, секое утро, со шоља кафе, чај или цеден лимон, да го препрочитуваме ова.

Извор („Моќта е во вас", Лујза Л.Хеј)