500x100-1
09. 01. 2019 13:53

„Српска вечер“ со Јована Типшин и Мики Меќава во „Лав„

„Српска вечер“ со Јована Типшин и Мики Меќава во „Лав„

 Обединетата српска заедница Куманово (ОСЗ), организира традиционална „Српска вечер“ на која ќе настапат музичките ѕвезди од Србија, Јована Типшин и Мики Меќава.

Прославата ќе се одржи на 13 јануари - Стара нова година  во хотел „Лав“.

Ги повикуваме нашите сограѓани навреме да си купат карти, бидејќи бројот е ограничен, а постои голем интерес за прославата. Веруваме дека направивме добар избор на познати пејачи, кои ќе бидат причина повеќе граѓаните кои што ќе дојдат да си поминат незаборавна вечер, - изјави претседателот на ОСЗ, Часлав Јовановиќ.

Картите можат да се набават во просториите на Обединетата српска заедница на булеварот Октомвриска револуција, лок. Табакана. тел. 070/258-186, 075/630-836, 078/553-516.