×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тајзи и Спејко со голем концерт во Охрид

    25.07.2016 14:27 | KumanovoNews

    По „Палимо“ која е веќе летен хит на просторите на бивша Југославија, Тајзи најавува нови песни во август, наскоро се очекува и новиот албум а во сабота ја започнуваат турнејата низ Македонија.

    Тајзи и Спејко со голем концерт во Охрид

    Еден од најголемите  настани е концертот во Охрид на плажата „Немо“ на 30. јули во сабота. Турнејата продолжува во Дојран, Струга, Виница, Тетово, Битола, Гевгелија, Пробиштип, Преспа, Кавадарци и Прилеп.

    Публиката ја препознава енергијата која ја носиме со себе, па затоа каде и да се појавиме ги полниме клубовите, а веќе и плажите низ земјава и регионот, вели Тајзи.

    Во меѓувреме заедно со Дарко Спејко, победникот на „Големиот брат“ работат на проект за една од најдобрите балкански продукции „Балкатон“ од соседна Србија, зад која стои хит мејкерот Раста кој ги руши Јутјуб рекордите.