Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пишува Мирослава Бурнс
Лажна е веста дека екс директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев е приведен или уапсен како што објави Лидер. Со бомбастичен наслов ,,ЕКСКЛУЗИВНО Приведен Ден Дончев на распит во полиција,, лажно се тврди дека Дончев бил уапсен и тоа од секторот за организиран криминал.
Како што официјално соопштија од МВР, Д.Д. бил уредно поканет со покана за разговор во полициската станица Карпош. Тој уредно самиот се пријавил и по извршениот разговор си заминал.
Оттука неточно е и тврдењето изнесено во текстот што го рецензираме, дека Дончев ,,се очекува по распитот да биде изведен пред јавен обвинител и истражен судија,,.
И самиот Дончев изјави дека е со семејството, дека не е уапсен и најави тужби доколку порталите што ја објавија дезинформацијата, истата не ја повлечат.
Во написот што го рецензираме е прекршен членот 1 од Кодексот на новинарите кој налага новинарите да ја проверат информацијата колку што е можно, да објавуваат само точни и проверени информации.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Има голема разлика од уредна покана во полициска станица за разговор, до апсење и изведување пред истражен судија. Во официјалното соопштение од МВР нема ниту причини за разговорот во полициската станица, а во текстот што го рецензираме тие се сугерирани без да се наведе дали се работи за шпекулација.