Планирани прекини на струјата во Куманово
07.09.2026 09:00
| KumanovoNews
Повеќе населени места во Куманово ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.
Денеска,во периодот од 9 до 11 часот, струја ќе нема на подрачјето кај Здружението на возачи, во близина на железничката станица во Куманово, а од 12 до 14 часот, во село Доброшане, кај објектот Игор 97.
На 10 септември, од 9 до 11 часот, без електрична енергија ќе бидат селата Косматац, Мургаш, Пезово, Кшање, Кокошиње и Кутлибег.
Планиран прекин е најавен и за 24 септември, во периодот од 8:30 до 15 часот, а ќе ги опфати селата Војник, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кокошиње, Кшање, Скачковце, Колитско, Габреш, Кучкарево, Орман, Градиште и Стрезовце.