Ограбена црквата Света Мина
07.02.2014 23:34
| KumanovoNews
Во полиција вчера е пријавено дека била ограбена црквата Света Мина во Проевце.

Непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во црквата и извршил тешка кражба. Од овој верски храм се одземени 7.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.