ХОРОСКОП - 17.09/19.09.2021

17.09.2021 07:09 | Сара Ѓорѓиоска

Викенд хороскоп 

ХОРОСКОП - 17.09/19.09.2021

ОВЕН

Викендов очекувајте прекрасни разговори со пријателите, новости за групните проекти, поколегијални односи, инспиративни можности и проширување на хоризонтите. Бидете внимателни да не споделите доверливи информации, таквиот чекор ќе ве оддалечи од блиските пријатели и ќе ги наруши односите. Позитивен период за започнување нови бизнис идеи, нови партнерства и зацврстување на брачните односи.

БИК

Не се впуштајте во озборувачки групи, бидете претпазливи со информациите кои ги споделувате со пријателите и особено внимавајте да не споделите некоја деловна тајна. Можно е да бидете релативно расеани кога е во прашање работата, што отвора простор за грешки. Добри вести се тоа што викендов може да ви се отворат прекрасни можности за напредување во кариерата или да слушнете нешто позитивно за вас.

БЛИЗНАЦИ

Вашите љубовни одлуки викендов можат да се одразат негативно врз вашиот имиџ, играјте паметно. Доколку имате деца, внимавајте како постапувате со децата во јавност. Нивното воспитување и однесување надвор од дома ќе зборува за вашите родителски способности. На друга страна, викендов ќе можете да работите на остварување на многу од вашите амбиции, вашите интелектуални способности ќе бидат нагласени и ќе учите со леснотија и неочекувана брзина.

РАК

Доколку сте планирале да ја регулирате ситуацијата со наследства, купување на недвижности или да го средите семејниот буџет, викендов ќе биде одличен период за такви активности. Ќе имате изострен слух за потребите на членовите од вашиот најблизок семеен круг, а таквите дипломатски способности ќе им бидат од огромно значење на вашите најблиски. Домашната атмосфера нема да ви биде пријатна доколку се обидувате да учите или да се сконцентрирате на некоја активност.

ЛАВ

Викендот ќе започне со прекрасни разговори кои ќе одат во длабочина, а не широчина. Тоа значи дека ќе можете да ги споделите вашите чувства, да разговарате за ранливи и деликатни теми, да направите интроспекција или да му помогнете на партнерот да реши некаков проблем, наместо да зборувате со часови за неважни нешта. Вашите чувства ќе бидат нагласени, но очекувајте дека ќе наидете на поддршка и разбирање доколку сте искрени и транспарентни. Чувањето на нештата кои ве вознемируваат во себе само ќе ги амплифицира проблемите.

ДЕВИЦА

Заборавете на половични вистини или апсолутни невистини овој викенд кога е во прашање комуникацијата со партнерот. Независно дали станува збор за деловниот или брачниот партнер, ќе биде потребно и двете страни да се комплетно искрени за своите планови. На тој начин ќе избегнете непријатни ситуации кои ќе се појават на дневен ред во наредниот месец. Инвестирајте во здравјето викендов, хранете се поздраво, започнете со некаква физичка активност или дајте го својот максимум во завршување на работните обврски.

ВАГА

Викендов ве очекуваат незаборавни љубовни авантури, чувство на пеперутки во стомакот, детски искрена возбуда и вистинско меѓусебно разбирање помеѓу вас и вашиот потенцијален љубовен партнер. Бидете само претпазливи да не кажете нешто кое не го мислите, бидејќи таквите лоши чекори ќе ја оддалечат личноста од вас. Уживајте во викендот, со предупредување да не идеализирате никого. Ако некој ви покаже дури и на секунда дека не ве сака и почитува, почитувајте се себеси и верувајте му, без да правите отстапки и да ги оправдувате лошите знаци.

ШКОРПИЈА

Можно е овој викенд да ве фати љубовна еуфорија, да се навратите на некои стари спомени или да се чувствувате како вљубени тинејџери повторно, што е одлично доколку навремено престане и се вратите во реалноста. Доколку сте во брак, очекувајте некоја лага или прекривање на вистината од вашите деца, но не ги притискајте и дозволете самите да почувствуваат потреба да споделат нешто со вас. Викендот ќе биде поволен период за нови семејни спомени, за одмор во домашна атмосфера и квалитетно време со семејството.

СТРЕЛЕЦ

Очекувајте овој викенд да имате бројни интересни разговори со пријателите и не се плашете да побарате совет или да дадете совет во рамки на вашиот круг на познаници. Можно е да се прошири пријателскиот круг, да дознаете нешто ново или да бидете пријатно изненадени, дури и инспирирани за започнување на некаков нов проект. Отворените и искрени разговори ќе направат да се чекор
поблиску до остварување на вашите професионални амбиции, како и регулирање на вашата емотивна состојба. Не ги земајте ставовите на семејните членови сериозно и одложете ги реновациите.

ЈАРЕЦ

Менторите, професорите, постарите авторитетни личности ќе влијаат трансформативно на вашиот карактер викендов, па затоа не заборавајте да се посоветувате со таква личност пред да преземете некој важен чекор. Викендов ќе биде и одличен период за планови за патувања во странство поради академски или деловни причини. Бидете великодушни, искрени и отворени во комуникацијата со другите луѓе, бидејќи таквиот став може да ви отвори многу можности за професионален раст, како и познанства со влијателни личности.

ВОДОЛИЈА

Можно е викендов да доживеете некаква емотивна катарза, предизвикана од некое искуство во странство или совет од вашите претпоставени. Менувањето на вашата перспектива и проширувањето на вашите хоризонти ќе ве ослободи од нештата кои ве вознемирувале од минатото и ќе отпочне нова фаза во вашиот живот, во која ќе сте поавтентично свои, поискрени и генерално посреќни. Единствените совети кои треба да ги избегнете викендов се сугестии за вашата финансиска ситуација. Исто така стојте на страна од финансиски чекори кои вклучуваат корупција или било што нелегално.

РИБИ

Викендов постои голем потенцијал да бидете измамени или излажани од вашиот деловен или брачен партнер или вие да бидете тие кои ќе кажат некоја невистина или ќе скријат нешто. Сите нешта кои можат да се категоризираат како прекривање на вистината ќе излезат на површина во наредниот месец. Искористете го викендот за интроспекција, квалитетен одмор и детоксикација од
штетни материи, штетни луѓе и непријатни ситуации. Навратете се на корените, останете дома, истражувајте се самите себеси, работете на односот со партнерот, почнете со штедење.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk