Од 12 јули вакцинација и без закажан термин, а ќе започне и теренската вакцинација Од понеделник 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација, информира Министерството за здравство (МЗ).
Средношколците можат да аплицираат за сместување во ученички домови до 15 јули Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во земјава за учебната 2021/2022 година е отворен до 15 јули, а право на сместување имаат ученици кои се запишани како редовни во средното образование во учебната 2021/2022 година, потсетуваат до Министерството за образование и наука.
Изгласани законските измени за пензионирање на 64 години и 15 години стаж Собранието денеска ги усвои измените на Законот за работни односи со кои во пензија ќе се оди на 64 години.
Во основните училишта ќе има по 12 изборни предмети Со новата концепција за образование, секое училиште треба да понуди 12 изборни предмети годишно. Изборни предмети од учебната 2021/2022 година се воведуваат и од четврто одделение. Изборни активности се од прво до трето, а изборни предмети, по два годишно, се од 4-9 одделение.
МВР набави 50 радари за сообраќајната полиција Министерството за внатрешни работи набави 50 нови ласерски радари, наменети за потребите на сообраќајната полиција, опремени со уред за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните и во согласност со актуелните европски полициски стандарди.
Од 1 јули дозволено е работење и во затворените простории на угостителските објекти Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти.
Со отписот на камати се опфатени 150 илјади лица од ранливите категории, кажа премиерот Заев Преку 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните во услови на ковид-19 чиј предлог-текст е усвоен на денешната владина седница.
Сертификат за прележан ковид-19 ќе издава Министерството за здравство Лицата кои во изминативе девет месеци прележаа ковид-19 ќе добијат сертификат од Министерството за здравство.
Бензините поскапуваат за 1,5 денар, а дизелот за денар Ново поскапување на горивата. Од полноќ цената на дизел горивата се зголемува за ден и половина, а дизелот поскапува за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Царовска: Подготвени сме од септември да ги вратиме сите ученици во училиште Подготвени сме од први септември целосно да ги отвориме училиштата за настава со физичко присуство, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.
Филипче: На средината на јули ќе започне теренската вакцинација Од 15 до 20 јули ќе стартува теренската вакцинација во околните места на здравствените домови, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Пристигнаа 500 илјади вакцини на „Синовак“ Денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500.000 вакцини од кинескиот производител „Синовак“.
Стипендии „Борис Трајковски“ за Сити колеџот во Солун Министерката за образование и наука Мила Царовска, претседателот на државата Стево Пендаровски и претставници од Сити колеџот од Солун, којшто е европски кампус на британскиот Универзитет Јорк, денеска потпишаа протокол за доделување на стипендиите „Борис Трајковски“.
Се подготвува закон за лицата без лични документи во државата Се подготвува закон за лицата кои не се евидентирани во Матичната книга на родени, заради решавање на проблемите со кои се соочуваат лицата без лични документи во државата.
Можности за вработување на социјалците, предвидува Оеративниот план на МТСП Лицата од социјалните семејства, кои се највработливи, можат да бидат ангажирани на пазарот на труд, а за најневработливите категории, пак, предвидени се обуки за зголемување на нивната работоспособност.
Владата ја донесе одлуката за повисока еколошка такса за нафтените деривати Владата одлучи еколошка такса да изнесува 3,1 денар за безоловниот бензин и 3,5 денари за останатите горива. Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието.