×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Без лиценци ќе останат 97 фирми - изведувачи, за надзор, проктирање и изработка на урбанистички планови, најави Николовски

    21.03.2025 15:15 | KumanovoNews

     Во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, кажа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција .

    Без лиценци ќе останат 97 фирми - изведувачи, за надзор, проктирање и изработка на урбанистички планови, најави Николовски

    „Од издадени над 1.100 лиценци, вкупно проверени се 643 лиценци. Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците. Изразено во бројки тоа значи:на 13 правни лица одземена им е лиценца А за изведувач на градби од прва категорија, на 34 правни лица одземена им е лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија, на 2 правни лица одземена им е лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија,
    на 6 правни лица одземена им е лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија, на 3 правни лица одземена им е лиценца А за проектирање на градби од прва категорија, на 20 правни лица одземена им е лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија, на 2 правни лица одземена му е лиценца Б ревизија на проектна документација на градби од втора категорија, на 1 правно лице одземена му е лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија, на 16 правни лица одземена им е лиценца за изработка на урбанистички планови“, соопшти министерот за транспорт Николоски.

    Воедно тој најави и законски измени кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во процесот на лиценцирањето.