×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сите 59 жртви во пожарот во Кочани починале од задушување, покажала обдукцијата

    21.03.2025 16:00 | KumanovoNews

    Причината за смртта кај сите 59 жртви на пожарот во дискотеката во Кочани од 16 март е поради задушување од чад, покажала обдукцијата.

    Сите 59 жртви во пожарот во Кочани починале од задушување, покажала обдукцијата

    „Кај сите настрадани е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот. Кај дел од нив се пронајдени и изгореници од прв и втор степен, кај тројца имаше изгореници од четврт степен меѓутоа причината за смрт е задушување. Скршеници на ребра и она што се вика задушување заради притисок поради стампедо има кај 4 лица. Во текот на март очекуваме да бидат завршени сите извештаи за обдукции и можеби ќе ни треба повеќе време да се изработат токсиколошките анализи“, кажа проф. д-р Александар Станков, додавајќи дека јаглерод моноксидот е многу опасен гас, без мирис и вкус и смртта може да настапи за неколку минути.

    Во пожарот на 16 март загинаа 59 лица, од кои 16 женски и 43 машки. Меѓу нив има шест малолетници.

    Процесот го изведувале шест различни тимови составени од експерти од судска медицина, патолози и службеници на МВР.