Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Петте градски мостови во Крива Паланка се реконструирани и уредени, со што централното градско подрачје доби нов урбан и модерен лик.
Мостовите биле руинирани, и постоела реална потреба за реализација на овој проект, поради што подготвиле проектна докумантација.
Инвестицијата чини 40 милиони денари или 650. 406 евра кои се обезбедени од државата. За потребите на Шанин, Осички и Виолетов мост потрошени се 26,6 милиони денари кои ги обезбедила Владата, а 14 милиони денари за Градечки и Соларски мост, кои се дел од Програма ТАВ.
„Осички мост, Шанин мост, Љиљаков мост, Градечки мост и Соларски мост – сега блескаат со нова енергија и стил. Овие мостови, кои го симболизираат спојот на минатото и сегашноста, се осветлени и обновени, додавајќи уште еден уникатен елемент во урбаниот изглед на градот“, стои во објавата на Општина Крива Паланка.
Како што е наведено, на сите мостови е направена санација и ревитализација на основата, реконструкција на коловозната конструкција, монтирани се нови огради и поставена е комплетно нова електрична инсталација и осветлување. Од сите мостови пристапна патека води до речниот кеј и шеталиштето, а во подножјето се поставени и урбана опрема, клупи и канти за смет. Изградба за пристапни рампи за инвалидизирани лица се интервенциите кои ќе се изведуваат во втората фаза од проектот.
Исцртан е и уникатен мурал со мотиви од манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, и препознатливиот кривопаланечки симит, автентични и традиционални белези на Крива Паланка.