×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со странски грантови “Браќа Миладиновци“ со нов лик

    13.09.2015 22:00 | KumanovoNews

    Интервју Марина Манојловска, директорка на ОУ “Браќа Миладиновци“

    Со странски грантови “Браќа Миладиновци“ со нов лик

    Како резултат на повеќе странски грантови, основното училиште “Браќа Миладиновци“ го менува својот лик и го враќа сјајот на најелитно училиште во градот. Директорката на училиштето Марина Манојловски, заедно со својот тим на соработници постојано работи на подобрување на условите за настава и работа на учениците и вработените. Посебни резултати од инвестициите се постигнати во последните три години.

    Преку грант на СОРОС и проектот кој го работевме за мултиетничко образование заедно со Песталоци од Швајцарија, ја реновиравме малата сала и ги реновираме училниците за децата со посебни потреби, за што вложивме и наши средства. Успеавме да ја оспособиме малата сала во која децата работат и изведуваат корективни вежби, а исто така и училниците кои личеа како во серијата  „Сив дом„ сега се уредени, живи и децата престојуваат во убава средина.

    Во октомври мината година добивте грант од 200.000 евра од Централна европска банка. За што ги искористивте тие средства?

    Средствата се искористени за замена на надворешната и внатрешна столарија на предната и забавишната зграда. Реконструиран е покривот и заменета е надворешна столарија и фасадата на централната зграда. Проектот траеше цела година. Се надевам дека ќе имаме и други роекти затоа што само половина од училиштето е направено. Сега ја реновираме зградата на улица “Тонко Димков“ до Техничкото училиште. Зградата е од 1950 година и за прв пат има вакво обемно реновирање. Грантот е од УСАИД, проект за мултиетничко образование. Четвртата фаза предвидува средства од околу 1.4 милиони денари. Потписник е и локалната самоуправа која дава 30 отсто од тие средства, а и самото училиште учествува со свои средства.

    Колку е тешко едно училиште да добие грант? Треба ли да се исполнуваат одредени услови при аплицирање?

    Многу е тешко во денешно време да добиете грантови, затоа што амбасадите се помалку даваат и тоа минимални износи. Единствено знам дека Јапонската амбасада, УСАИД и нешто Чешката амбасада, даваат некои ситни грантови. Среќа што Македонија како земја кандидат има право да користи ресурси од ЕУ, па сме добитници на грант преку Централна Европска банка, а се надеваме дека ќе успееме нешто и преку ИПА фондови кои навистина се обемни, бараат услови за конкурирање. Се надевам дека ќе успееме и тука нешто за да заокружиме една целина од она што велиме реновирање на централното училиште. Во овој момент ни е приоритет воведување на парно греење во Соколана, каде училниците се затоплуваат на дрва. Има многу работа, училиштата се стари и им треба реновирање.

    Дали подобрувањето на условите во “Браќа Миладиновци“ резултира со поуспешен воспитно-образовен процес?

    Втора година по ред имаме најголем број на запишани првачиња во градот. “Браќа Миладиновци“ некогаш имало по 1700 ученика, за жал со намалување на наталитетот сега во градот е борба за секое прваче. Среќна сум и задоволна што едноставно како училиште успеавме да покажеме квалитет и капацитет за да бидеме втор пат по ред училиште со запишани 138 ученика во прво одделение оваа учебна година. Учениците се запишуваат и “Браќа Миладиновци“ во овие две години си го врати сјајот на она што велиме елитно училиште.

    Кои ви се плановите за во иднина? Дали во скоро време се планираат некои нови инвестициони зафати и реновирања?

    Потреби има многу. Го имам изработено проектот за парно греење во објектот на улица “Тонко Димков“. Имаме и проект за целодневен престој на деца со посебни потреби. Кога би бирала меѓу овие два проекта, искрено уште првиот ден кога станав директор на ова училиште, целодневниот престој на децата со посебни потреби ми е животна желба која сакам да ја реализирам. Се надевам дека ќе успеам, затоа што тоа е категорија на ученици која никој не ја згрижува, оди во редовна настава, бидејќи ние во состав на училиштето имаме и такви паралелки. Родителите се ставени во една неповолна ситуација, да тие деца не можат да посетуваат редовно градинка , затоа што се големи, а од друга страна училиштата немаат предвидено целодневен престој за такви деца. Се надевам од се срце дека ќе успеам. Тој објект постои и многу треба да се доизгради, но како човек и професионалец тој објект сакам да го направам.