×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • БАСТИОН НА ВИСТИНАТА

    Сашо Петрушевски

    Tаа, наводно, подеднакво работела во интерес на  сите граѓани, иако целата јавност е сведок на разорната кампања од партискиот врв за деморализирање, изолација и заплашување на граѓаните.Особено на оние кои со симпатии гледаат на противничкиот табор, а од кој се видно уплашени дека може да ги исфрли од удобните фотелји од каде досега, можеа да манипулират со сопствените граѓани, уценувајќи ги со отпуштање од работните места, притисоци и закани.

    Оваа слика е посебно типична за Куманово, каде централната власт сега по секоја цена се труди на граѓаните да им се претстави како совршена мајка, а не лоша маќеа каква што беше во изминатите неколку години. Во најмала рака е непристојно, владејачката партија пред избори упорно да тврди дека не ги кочела проектите на локалната самоуправа, туку градоначалникот и локалната администрација лошо менаџирале со нив. Ако е така, и ако имаат аргументи, нека кажат кои капитални инвестиции ги донесоа за овој град и што конкретно направија во изминатите 5 години. Нека излезат со бројки, и со нивната весела математика нека пресметаат  со што се одолжија на граѓаните за дадената доверба и  мандат. Притоа, нека не заборават да  направат споредба колку сретства се одлеаа во касите на градоначалниците од нивната партија, и колку пари се фрлија за промашени проекти. Тасот на вагата ќе ја покаже  и вредноста на нивниот збор што со леснотија го даваат, а со уште поголема го  повлекуваат.  

    Игнорантскиот однос на државата  кон граѓаните на Куманово, беше очигледен и од страна на државните функционери.  Се сеќава ли некој колку пати премиерот или некој од неговите министрите  дојде да ја посети најголемата општина во државата, некое од училиштата, јавните претпријатија, да се заинтересира за проблемите на 120 илјади жители или да дојде на некоја прослава, организирана од страна на локалната самоуправа. Наместо меѓу граѓаните, нивните ретки посети беа строго наменски, на партиски трибини, каде одговараа на нарачани прашања и добиваа силни аплаузи.

    Читам деновиве во една колумна дека Владата дала огромен придонес во реформите на образованието. Се фалат како донеле илјадници компјутери во училиштата, бесплатен интернет и учебници, електронски дневник и реализирале многу други проекти. Неможам, а да не забележам, дека никаде не го споменуваат отварањето на дисперзираните студии во повеќето градови во државата, кои наместо универзитетски центри, денес зјајат празни без студенти и се  жив доказ за залудно потрошени пари, за пропаднат проект што јавно го призна и самиот министер за образование најавувајќи затварање на повеќе дисперзирани факултети поради нивната непродуктивност и незаинтересираност на младите за студирање на новокомпонираните студиски програми.  Да не знам колку не ги засега мислењето на народот, ќе помислев дека се срамат  што не успејаа да реализираат уште едно предизборно ветување, и Куманово да го направат универзитетски град. Вака, знам дека наивно премолчуваат, играјќи на картата на слабата меморија на граѓаните, што овојпат скапо ќе ги чини на изборите.

    Наместо да ја погледнат реалноста, тие фрлаат прав во очите на јавноста и се лажат себе и другите дека изградиле  патишта, дека ќе донесат инвестиции, ќе реализираат големи инфраструктурни проекти, ќе ја озеленат државата со милиони садници... Растрчани сечат ленти, фрлааат лопати и започнуваат нови проекти, иако знаат дека никогаш нема да бидат реализрани, како што е на пример фамозната индустриска зона „Бунарџик“.

    Па, се прашувам, ако оваа слика е реална , тогаш, каде е тука Куманово? Зошто луѓето од овој град не ги чувствуваат благодетите на нивната преродба, или тие „придобивки„ се актуелни само пред изборите? Се сеќавам дека еден куп слични ветувања дадоа и на минатите избори. Но, што доби Куманово од нив? Каде е толку помпезно најавуваниот затворен базен во градот? Каде се парите за капиталните инвестиции што законски следуваат за секоја локална заедница, за рамномерен развој на сите региони,а според кој, на Североисточниот регион, во кој е и Куманово, треба да му припадне најголе дел од буџетскиот колач.

    Врв на комедијантското однесување на министрите и градоначалници вмровци, деновиве беше делењето на канти за ѓубре. Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило„ мината година имаше иста акција, но без помпезност. Наместо еден куп партиски функционери и камери, ние садовите за смет ги поделивме на граѓаните, без предизборно условување, туку како обврска и одговорност за полесно одржување на хигиената во градот и подигање на основните стандарди за поквалитетен живот.

    И во другите сфери на локалното живеење, реализираме конкретни проекти: Градскиот кеј, регулација на речното корито, довршување на Трета МУБ, гасификација на градот,  асфалтурање на стотина километри на патишата, реконструкција и изградба на водоводна и канализациона мрежа, изградба на спортски сали,  Градскиот плоштад, уредување на зелените површини и  други поситни инвестиции. Ова се само дел од нашите значајни инвестиции, бидејки списокот на реализрани проекти е долг и би одзеле многу простор, доколку би ги наведувале сите.

    Ние и во иднина нема да се фалиме, да ветуваме и да се промовираме преку скапи кампањи, туку ќе продолжиме да градиме и да остваруваме, сеедно дали сами или со подршка на централната власт.Тие, пак, знаеме, ќе најдат еден куп оправдувања зошто не ги исполниле своите ветувања. За повеќето од нив, претпоставувам, како по обичај, ќе биде виновна локалната власт, односно, градоначалникот и неговите први соработници.

    Е, затоа, наскоро ќе ја снема оваа власт од политичката сцена, само поради својата самобендисаност, бидејќи ќе се удави како Нарцис во езерото, не можејќи да се нагледа на својата убавина. И подобро. Нека остане да егзистира во сопствениот виртуелен свет, во кој не се гледаат сиромаштијата, моралното пропаѓање на сопствените граѓани, мизеријата и хаосот што го создадоа во општините и во државата, деградирана од нивните необразовани, неискусни и неспособни партиски послушници, кои им ги затворија сите врати на квалитетните и стручни кадри.

    Граѓаните се пред можност да ги изберат оние кои ветуваат или оние кои исполнуваат. Се надевам дека овојпат, на претстојните избори, нема да се плашат и ќе ја отворат вистинската врата, ќе го одберат правиот пат кој ги води во подобра иднина. Особено, се надевам, дека граѓаните, како на локалните избори, ќе гласаат за вистината. За вистинската опција, која сигурно чекори на патот од својата општина да направи европски град, пристојно место за живеење и продуктивна локална заедница во кое ќе има место за секој нејзин граѓанин.

    Вашата доверба за нас е најголем и единствен императив, кој ќе ја диригира општинската развојна политика, а не партиската програма составена од  теснопартиски и лични интереси. Најголем приоритет, пак, ќе биде градење на заедница на задоволни, сигурни и слободни граѓани.

    Ние гледаме многу подалеку, имаме визија од најголемата општина во државата да направиме вистински пример на мултиетничка заедница со економски и општествени перформанси, кои ќе донеат нов квалитет и просперитет за граѓаните.

    Нашите резултати нема да ги квалификуваме како преродба или да ги мериме со чекори. Пред нас се километри и километри на упорна и напорна работа на Куманово да му го вратиме заслуженото место во државата. Последниот збор ќе го имаат граѓаните. Ние ќе го почитуваме нивниот суд и ќе ја цениме нивната доверба која ни ја даваат.

    Куманово не е бастион на СДСМ, како што сакаат да кажат нашите политички неистомисленици. Куманово е бастион на вистината, моралната одговорност и демократска опција, со која единствено можеме подобро и поуспешно. Бастион изграден на цврсти темели и никој не може да го урне. Тоа е најголем предизвик, кој ниедна општина во оваа напатена земја не успеал да го сочува или да го постигне. Само заедно со граѓаните и овој пат ќе успееме го сочуваме достоинството и придобивките од нашиот бастион за европска иднина.

    Директор на ЈП „Чистота и Зеленило“

    Сашо Петрушевски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*