Почитувани пријатели, на 11 декември треба да ја земеме судбината во свои раце, да овозможиме нашите животи да тргнат кон поубава насока - кон иднина.
Ги повикувам сите граѓани, помлади, повозрасни да излезат на 11 декември на избори и да гласаат. Нам на СДСМ и здружената опозиција ни е потребна вашата поддршка, потребен ни е секој граѓанин за да ги промениме состојбите во државава. Со вашата поддршка ни овозможувате сите заедно да седнеме на маса и да ги менуваме работите, да го менеуваме системот кој го јаде граѓанинот, а му дава поддршка само на политичарот и на оној кој владее.
Вчера во Куманово граѓаните излегоа, излегоа кумановчани покажаа сполотеност, и кажаа дека тие сакаат да видат позитивни промени во државата. Секој кој беше на плоштадот дојде таму за поубава Македонија, за Македонија во која ќе има ЖИВОТ. Секој кој беше вчера со нас сигурен сум дека сака да живее во економски богата и стабилна држава.
Повеќе од десет години не обвинуваат нас социјалдемократите дека сме виновни за состојбата во државата, а тие владеат и се богатат на грбот на граѓаните.Тие ги окупираа сите институции, а нас не обвинуваат. Тие ја воведоа и секаде ја употребуваат двојазичноста, а го обвинуваат раководството на СДСМ дека пропагира такво нешто. Отидете во болница, во полиција, во суд, во училиште, во било која институција – секаде има двојазични табли и секаде работат Албанци кои слободно зборуваат на албански јазик. Двојазичноста ја има и таа е факт, затоа ако се толку големи патриоти нека излезат и јавно на дуел и нека кажат дали не е така. Сите патуваме и гледаме дека сите табли во државата се двојазични,сметките од ЕВН, од Пошта, се што е државна институција, секое министерство, секоај агенција во која на власт е ДПМНЕ е двојазично.
Така да им порачувам доколку сакаат да говорат на оваа тема да излезат на дебата, на некоја телевизија, а не да се затскриваат зад порталите и едносмерната комуникација која е карактеристична само за автократски општества.
Почитувани мои сограѓани ВРЕМЕ е граѓаните да бидат владетели во Македонија, а политичарот да биде оној кој ќе ги извршува работите преку кои директно ќе допринесе до подобар живот на граѓаните.
Време да започнеме да живееме како сиот цивилизиран свет и да ги усвоиме придобивките на политиката, а тоа е дека таа мора да му оди во служба на граѓанинот и никако поинаку. Ние имаме ПЛАН, имаме тим и храброст да ги спроведеме идеите кои преку програмата ги презентиравме на граѓаните во изминатиов период.
Сите граѓани мора да имаат еднаков третман во државата, сите мора да ги имаат истите права, исти како и оној кој раководи со државата.Сите мора да бидат заштитени од државата, и конечно да се внимава на човекот, на поединецот кој е најважната карика во едно општество.
Пред да гласате во недела размислете каде сакаме да оди нашата држава, дали ќе гласаме за ЖИВОТ или ќе избереме апатија, крадење и лажење.
Во нашата програма нема привилегирани, нема недопирливи. Има ЖИВОТ за граѓаните, има иднина и за помладите и за повозрасните. За Македонија да тргне по вистински пат потребно ни е едно големо обединување на сите кои сакаат да ја видат државата во едно ново руво. Ајде пријатели да направиме Македонија да профункционира.
Впрочем на 11 декември се најавуваат сончеви 12 степени.Излезете на сонцето, прошетајте, ама пред тоа свратете на гласачкото место и гласајте.
Сашо Тодоровски Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*