Поминаа повеќе од два месеци, откога започна објавувањето на прислушкуваните разговори,подготвени за емитување од страна на Зоран Заев и СДСМ.Последиците допрвa ќе ги увидимe,сепак и сега може да се воочи огромната штетност на ова крајно неодговорно и бесмислено поведение на опозицијата,која не бира средства да дојде на власт и која на еден радикален и конспиративен начин, се обидува да го поврати стариот баланс на моќ во општеството, кој ќе и гарантира задоволување на нејзината опсесивна убеденост дека се предодредени да владеат доживотно. Според нив нема друга алтернатива за владејачка елита во државата, освен тие, кои го имаат природното право да одлучуваа за иднината на нашата држава. Оваа позиција на една алтернатива, еден избор и една власт е пресликана во сите пори на општественото живеење и секако и во меѓународните релации. Од истата ментална матрица произлегуваат и сите небулози и несреќни изјави на моменталното раководство последните неколку месеци, во кои нашата земја влезе во сериозна политичка а се повеќе и безбедносна криза. На прес-конференциите беа објавувани разговори помеѓу претставниците на државното раководство кои најпрвин беа протолкувани од Зоран Заев, кој како воведничар не насочуваше во кој правец да резонираме кога ќе ги слушаме разговорите. Со ваков пристап нема место за вистината, туку за многу вистини во зависност од перцепциите и потребите на Зоран Заев и неговите најблиски соработници кои тотално го нарушија угледот на СДСМ. Она што може да се забележи е дека јавноста е изморена од оваа “бомбардирање” на опозицијата, и веќе бурно реагира на политиката која предизвикува чувство на неизвесност и страв од тоа што следи. Полека но сигурно нешто што на почетокот изгледаше како меѓу-партиски антагонизам почнува да навлегува во сферата на безбедноста на државата. Се создаде и еден вид на медијаторство од страна на Европската унија претставен од тројца европарламентарци и преставници од директоратот за проширување и на комесарот за соседска политика.
Ова не требаше да се случи.Повторно проблемите кај нас добија меѓународна димензија, што резултира со повторно мешање на многу фактори кои максимално ќе ја искористат кризата да профитираат за страните чии интереси ги бранат. Очигледно дека Зоран Заев и уште неколку негови најблиски соработници докрај не се свесни во каков проблем ја имаат вовлечено својата држава. Целиот систем за безбедност и секако угледот на земјата е искомпромитиран од наводната херојска епизода на еден изманипулиран политичар, кој омразата спрема моменталната власта и желбата да ја докаже својата вредност, оспорувана најмногу од неговите го водат кон девастација на целиот систем. Моменталното раководство на СДСМ има неколку проблеми кои ќе мора што поскоро да ги реши ако сака да остане релевантен политички фактор во државата кој секогаш ќе претставува реална политичка алтернатива на актуелната власт.
Мора да сфатат дека љубовта спрема државата и сопствениот народ е пред се друго.Време е, да почне на СДСМ да и прилега да биде патриотска партија, бидејќи само така ќе можеме да имаме нормална политичка комуникација.
Ослободувачки за нив ќе биде, да престанат да ги презираат граѓаните кои 9 пати по ред во големо мнозинство гласааат за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Секоја одлука која ги заобиколува граѓаните а претставува прикачување на разни сомнителни агентурни инсталации кои работат за туѓи интереси, однапред е осудено на пропаст.Преку шпијунажа, разни подметнувања, сеење омраза и страв не се доаѓа на власт во Македонија.Изборите се единствениот механизам преку кој граѓаните,слободно и достоинствено. доделуваат мандат на одредедна политичка структура, која ја ќе ја има одговорноста да управува со државата најмногу четири години.
Како партија мора да изградат и автентична политичка плаформа врз основа на која ќе ја градат својата победа на некои од наредните избори. Она што треба да се направи е групата околу Заев и Шеќеринска да го напушти водството и членството да си избере ново лидерство, кое ќе ја насочи партијата кон вистинските вредности.
Невозможно е да не се искоментира и актуелизирањето на спорот за името што го имаме со Грција. Некои поранешни дипломати во нашата земја дури и се обидуваат да не убедат, дека причина за кризата во која се наоѓам, е поради тоа што се уште не сме го “решиле” името, сме плаќале преголема цена поради тоа. Ова е и главен индикатор дека кризатата кулминира и дека треба да очекуваме полека разјаснување на некои работи.
Како и да е освен правна завршница на овој случај, ќе мора да има и политичка разврска која ќе подразбира и суштинска промена во карактерот на македонската политика.Конечно сите да го видиме крајот на продукцијата и егзистирањето на бескруполозни политичари кои по цел ден размислуваат, како да ги елиминираат политичките противници, за да тие бидат неприкосновени егзекутори на власта. Арогантни и самобендисани, фатално вообразени и полни со омраза, можат да направат голема штета на интересите на државата. На Македонија и се потребни стабилни политичари,скромни во материјалните потреби и крајно амбициозни, заедно со своите соработници но и опоненти, да направат што подобри дела за својот народ. Во меѓувреме треба да останеме мирни, кон омраза и презир да возвратиме со разбирање, и секогаш во мир со сите, а посебно со нашите сограѓани, браќа и сестри кои сосема поинаку ја доживуваат оваа политичка криза. Христос Воскресна!!!
Дејан Ристов Дејан Ристов, политиколог
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*