×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Можност за сите!

    Даниел Стојчевски

    Да напаѓаме политики кои сега се водат, а да браниме една поранешна политичка врхушка со целосно корумпирана власт e во најмала рака некоректно.

    Политичка врхушка која ја доведе Македонија на апарати за дишење. Врхушка, која ја стави Македонија на црната листа на сите меѓународни релевантни истражувања од секој аспект и беше на највисоко негативно ниво за време на владеењето на претходната политичка гарнитура. Впрочем, за сето тоа и за плацевите на Водно, за утнатите траси на автопатите, за милионските провизии за автопатите, за перењето пари преку налудничавиот проект „Скопје 2014“, за зградите кои денес прокиснуваат при првиот дожд, и за многу други коруптивни скандали за луѓето од претходната политичка гарнитура против кои се водат судските процеси, кои очекуваме да завршат во името на правдата и украденото од граѓаните да се врати. Само така може да продолжиме понатаму.

    Што направи ВМРО - ДПМНЕ за Куманово? Изградија градинка? Болница? Училиште? Реновираа некоја државна институција? Дали вложија денар во Куманово?Апсолутно ништо!

    Кога последен пат почитуваните, кои ги критукуваат политиките на оваа Влада влегле во спортската сала да видат во каква состојба ја доведоа договорите, кои нивната партија ги аминуваше.

    Дали знааат во каква училишни згради учат дечињата по околните селски средини?

    Дали влегле во зградата на Бирото за вработување да видат како изгледа?

    Дали влегле во Кумановскиот театар кој се распаѓа?

    Дали влегле во Болницата каде има инструменти и апаратура уште од 60 години од минатиот век?

    Се критикува судството. Па претходната гарнитура која беше на власт тоа судство го партизираше преку телефонски разговори и договарање за избор на судијка, која беше на семинар во Охрид.-“Нешто надвор снег, студено, ќе ви бидам вечно благодарна...“ Ви текнува нели? Една бомба. Една вистина. Се додека тие вистини не ги прифатите како партија нема да може да се тргнете од она што ве извалка, од нецивилизацискиот елемент кој го имаше партијата ВМРО- ДПМНЕ додека владееше.

    Во врска со градоначалникот, можам да кажам дека тој човек направи многу повеќе за Куманово за овие осум месеци, отколку претходната партија која беше на власт за единаесет години, а Куманово имаше централна власт од ВМРО- ДПМНЕ. Можеше тогаш да се лобира во Владата, можеше да се извлечат средства  за ново училиште, нов театар, можеше многу, ама очигледно личните интереси или неспособноста беа причина за тоа што не се направи ништо за Куманово. А беше таа ненародна власт во експанзија, барем така се величеше по медиумите како најсилна, како најдобра економија, како нај нај. А од тоа нај Куманово не виде ништо.

    Оваа влада ќе му помогне на Куманово зошто граѓаните и нашиот град тоа го заслужува, а и зошто така треба. Куманово како најголема општина мора да добие адекватна финасиска поддршка од буџетот на РМ.

    Зборуваме за одговорноста да, но најпрво партијата ВМРО - ДПМНЕ ќе треба да ја понесе одговорноста, односно неодговорноста за катаклизмата која ја нанесе на Македонија, за тоа што ја зароби државата, за тоа што создаде фамилијарна клика во државата, која контролираше се. Прво за тоа ќе мора да се понесе одговорноста.

    Владата на СДСМ работи, треба време за да се поврати урнисаното, да се среди состојбата во државата, бидејќи е уништено се. Нема реминисценции да, но не смееме да заборавиме каква несреќа не водеше единаесет години.

    И граѓаните не може да осиромашат за една година, ВМРО – ДПМНЕ ги направи сиромашни. Во времето на претходната ненародна власт излегуваа податоци за катастрофалната состојба во економијата.

    Сега се обидуваме да го поправиме тоа. Потребно е време економијата да се крене, и тоа ќе се случи, веќе има позитивни економски придвижувања.Постепено да ги разрешуваме напластените проблеми, да се обидеме да направиме подобри услови за живот во Куманово.

    Сега е време да погледнеме напред, но да внимаваме на минатото да не се повтори, да ги започнеме евроатланските процеси, кои се на прагот, и да се обидеме заедно со нашите пријатели од Европа да созадеме од Македонија убаво место, во кое младите ќе сакаат да живеат и да останат тука.

    Шансата е тука, потребно е да сработиме и да успееме!

    Даниел Стојчевски Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*