×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одговорност!

    Сашо Тодоровски

    Македонија 21 век , невреме, дожд со трагични последици.

    Почитувани кумановчани,најпрвин сакам да изразам големо сочуство до семејствата на нашите настрадани сограѓани. Сочувствуваме сите со нивната болка во оваа трагедија.Нека им е вечна слава.

    Македонија пред два дена беше зафатена со невреме кое најмногу го погоди скопскиот регион.Невреме со трагични последици бидејќи има жртви, има настрадани и има исчезнати. Бројката на починатите наши сограѓани допрва ќе ја дознаваме….Штетите се проценуваат на милиони евра.

    Деновиве слушавме и читавме разноразни информации,  кој е виновен, дали некој е воопшто виновен, дали е од Господ, дали е мајката природа…

    Можеби има од се по малку, меѓутоа мислам дека највиновен  и најодговорен е човечкиот фактор, луѓето кои можеби не можеа да го спречат невремето, но секако можеше да се предупреди за истото, за да нема жртви. Знам дека можеби е неблагодарно  да се пишува во овие тажни моменти за виновникот но јас не гледам друг виновник освен оние кои се на власт, а тие треба да ја поднесат и најголемата одговорност. Зошто?

    Да можеби не се виновни лично, не го пратиле тие невремето, меѓутоа да се разбереме – лична, човечка, морална одговорност мора да постои! Мора некој да чувствува барем грижа на совеста бидејќи настрадале ваши сограѓани. Луѓе од вашата земја, додека вие сте општествено одговорен.

    Како прво Управата за хидрометеоролошки работи . Дали слушнавме дента некое известување, дали имаше највава дека ќе се случи  такво невреме? Па зошто постои таа институција ако не за да биде постојано во дослух со медиумите кои треба да ја известат јавноста  дека тогаш и тогаш ќе има невреме со цел да се избегнат или ублажат несаканите последици, во овој случај катастрофални.

    Дали затаија службите во претходните два дена во расчистувањето на поплавените подрачја.Слушнав претседателот на ДПМНЕ кој неколку пати беше да се слика во погодените места од невремето шегобијно (што е очигледно несвесност за трагедијата која не погодила) вели дека од утре ќе купеле 1000 пумпи за испумпување на вода. Од утре! Па јас мислам дека секоја стабилна и сериозна држава треба да има такви пумпи во своите резервни складишта постојано бидејќи никогаш не се знае кога ќе ви затребааат, ама мора да ги има. А не од утре. На граѓаните им беа потребни ВЕДНАШ !

    Власта која вложуваше во некакви популистички проекти во вид на споменици и тркала ќе беше подобро парите да ги искористеше за чистење на речните канали, за изградба на соодветна одводна инфраструктура, за ефективна канализација, за купување на пумпите и слично.Да, тоа нема да се види, нема да ви донесе политички поени бидејќи е под земја или во магацин, но секако немаше да дојде до ваква невидена катастрофа доколку се било направено по некои стандарди како што и треба да биде.

    Виновникот секако нема да го пронајдеме, бидејќи секој ќе ја префрлува одговoрноста на некој друг, што е лошо доколку сакаме да напредуваме како општество.Почитувани, оваа трагедија нека ни биде една голема опомена и потсетник дека во иднина треба власта која и да е, да внимава на суштинските , реалните проблеми и да ги решава и разрешува, а популизмот да го остави на страна.

    Исто така еден апел до сите нас да престанеме да ги сечеме шумите,да престанеме со таа погубна политика која е вон сите еколошки стандарди, да не фрламе шут и отпаден материјал во каналите и да се обидеме сите со нашата свест да влијаеме на околината во која живееме.Бидејќи денес е во Скопје утре ќе биде во Куманово, така да потребно е сите ние да бидеме свесни за општеството во кое живееме а со самото тоа и одговорни и спрема нас и спрема природата.

    Македонските граѓани и покрај се ја покажаа својата солидарност и донираа средства и неопходни продукти за настраданите бидејќи тоа е во нашиот код, нашиот менталитет и култура.Да си помагаме тогаш кога е најпотребно.

    Сашо Тодоровски Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*