×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Под стакленото општинско ѕвоно

    Бобан Николовски

    Ако некој од нашите сограѓани сака да го претстави својот град, да се пофали со неговиот напредок, со стандардот на живеење, и да направи споредба колку тој ја полни општинската каса, со глоби, давачки и ред други "општински придобивки", за кои е заслужно владеењето на СДСМ во последните 20 години, а колку добива, едно е сигурно: ќе се засрами, затоа што нема што да каже или пак ќе се реши да молчи. Обично се решава за второто. Молчат луѓето затоа што се свесни дека нема ништо посебно да се каже, а уште посвесни се дека може да им се случи да останат без работа во некое јавно претпријатие, да трпат притисок и закани ако ја кажат вистината. Иста е приказната и ако не се појават на протест или марш, по предвиденото партиско сценарио за време и место во автобусот, и покрај тоа што воопшто не се гледаат во тој филм. Свесни се граѓаните на Куманово за се, па и за тоа дека со молчењето нема да сменат ништо. Но, токму молчењето со години се провлекува низ живеењето на кумановци и придонесува за константното пропаѓање на Куманово. Фактор кој само им олеснува на структурите на СДСМ, кои од колено на колено во последните 20 години стопанисуваат со нашиот град.

    Од каде потекнува навиката за молчење, од каде теркот на ваквото однесување на нас, кумановчаните кои сме познати како народ кој секогаш се борел, и прв кревал глас за своите права? Во овој момент единствен логичен одговор кој се неметнува е дека сме под стаклено ѕвоно,во кое со години живееме. Стакленото ѕвоно наречено градоначалник, Општина и сдсмовската матрица со нетранспарентниот начин на функционирање и нивниот тотално затворен начин на раководење. Под стакленото ѕвоно се пушта онолку „воздух" колку е потребно за минимум живот, односно се пуштаат нула информација кон граѓаните, бидејки така е најлесно да се манипулира со нив. Кога граѓаните не се информирани, не знаат што се случува во Општината, јасно е дека само ќе молчат мислејќи дека така треба и така мора да биде. Епа, не е така! Не мора и не треба да биде така почитувани сограѓани! Мене лично, но и на се поголем број кумановчани преку глава ни е од живеење во општина која е на 53-тото место по транспарентност и отворено работење кон своите сограѓани во РМ. Преку глава ни е од зачаурените општински шалтери, недостапност на градоначалникот, давањето чорба во блиските кафеани за да завршиш нај банална работа која по закон те следува.....

    Не само комунистичката градба,туку и комунистичката атмосфера и начин на работа се бетонирани во општинската зграда.Таму навистина ќе мора се да се менува...и тоа од темел.

    Зошто сме дојдени до тука? Дали поради тоталитаристичкиот начин на практицирање на власта  од страна на градоначалникот во Куманово или поради тоа што сдсмовците од Куманово се занимаваат долго време со внатрепартиските несогласувања во ОО СДСМ, кој поцврсто да ја земе палката во своја рака и да стопанисува со градот и спроведува лични агенди. Па поради тоа немаат време да сторат нешто корисно и креативно за градот, нешто од што кумановчани ќе имаат барем малку бенефит? Едно е сигурно, дали поради едното или другото, Куманово и кумановчани трпат по сите можни основи, од почеток до крај. Еве го моето скромно мислење во врска со погоре кажаното. Ајде, сега едно по едно!

    Кумановчани од вчера плаќаат поскап такси превоз. Одлуката ја донесе советничката група на СДСМ и нивните сателити без око да им „трепне".Градоначалникот вешто го избегна присуството на оваа точка, со тоа сакајќи да се амнестира од негативниот ефект што ќе го предизвика кај граѓаните. Овојпат ниту Груевски, ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да им бидат криви, бидејќи во Куманово според СДСМ и за дождот кога паѓа, виновно е ВМРО-ДПМНЕ. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ даде предлог да се субвенционира работата на такси компаниите, со што ќе се постигнеше двоен ефект.Корист ќе имаа граѓаните и компаниите. Но градоначалникот и СДСМ не ги интересираат потребите на граѓаните. За нив е битно да останат пари во буџетот, за неликвидните јавни претпријатија, кои полека но сигурно тонат во неповрат. Наместо излезот да се бара во реорганизација и нови кадри, народни пари се фрлаат во бунар без дно. Загуба до загуба. Фиктивни успеси на хартија, а фактички дебакл. Никако да се инвестира во нешто со трајна вредност за граѓаните на Куманово.

    Иста промашена приказна e и проектот "пајак служба„ во услово кога ни за лек не може да се најде паркинг место во градот. Овој ненајавен проект на градоначалникот "успешно" се реализира на штета на граѓаните. Денес во Куманово да најдеш паркинг место е како да си добил седмица на лото. Долго најавуваната катна гаража остана само нереализирано ветување, проект од локалните избори, само заради собирање на гласови.....и вакви примери до бескрај ...

    Ефектите од ваквите "проекти" си ги знаеме и чувствуваме во семејниот буџет, ние, граѓаните на Куманово.

    За кого и за што гласаше Куманово на локалните избори? Дали за погоре кажаното и за уште многуте промашувања, кои не најдоа место во оваа колумна, или за Куманово како проевропски, успешен и прогресивен град, едноставен и убав за живеење ? Време е почитувани сограѓани да зборуваме отворено. Молчењето и шепотењето да го претвориме во гласно укажување дека Куманово и кумановчани заслужуваат многу подобро и повеќе! Да кажеме отворено на избори, овие, следните и сите наредни дека сме град и народ, кој знае што сака и знае што му следува. Да се спротивстави да биде нечиј декор со наведната глава,со поглед во земја и скршено достоинството. Без страв да кажеме дека ќе гласаме за кого сакаме. Крајно време е!

    И за крај, нешто предизборно. Наместо да се претстават како ослободители, сдсмовците се потврдија како кочничари на државата, кои во заложништво би ја држеле по секоја цена,само да дојдат на власт. Откако по толку уцени и молби се осмелија да излезат на избори, веднаш прославија по улиците низ сите градови во државата. Искрено, сите се чудеа што слават?  Одговорот по неколку дена го слушнавме од самите нив. Тивко и срамно, бидејќи им е страв гласно да кажат зошто сеуште се плашат и од самите себе, и од тоа кој може да ги чуе, па шепотат овде-онде. Кружеле со коли по градовите славејќи го свесно поразот кој ги чека на наредниве вонредни парламентарни избори, и можноста конечно и тие да расчистат еднаш засекогаш со Бранко Црвенковски, бидејќи и самите се свесни дека додека е тој таму, СДСМ ќе биде вечна опозиција. Тоа им е вржано во крпче во наредните четири години. За понатаму, да сме живи и здрави почитувани сограѓани.

    П.С.  Длабоко сум уверен дека по објавувањето и на оваа колумна, утредента, на истата ова страница ќе стигне "сосема случајно писмо или уште едно гласно размислување'' на тема спротивна од оваа. Ако згрешам, однапред се извинувам.

    Координатор на советничката група на                                                                     ВМРО-ДПМНЕ од Куманово

    Бобан Николовски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*