Не за бадијала рекле старите, кој на друг јама копа сам во неа паѓа. Но, во случајот „Перо Наков ББ“, (бидејќи случката нема врска со А1), јамата е помалку важна работа. Најбитното во сето ова е што СДСМ сакаше да го изманипулира без пардон, и чувство на грижа на совеста, и народот македонски да го искористи за две работи.
Првата,како што самите кажаа, на недемократски начин да го урнат Груевски, за што јасно како ден се виде дека немаа ни трунка подршка од граѓаните. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кои по демократски пат на легални избори дојдоа на власт со досега невидена подршка од народот. И втората, многу пострашна работа - СДСМ сакаше да сокрие и да застане зад криминал тежок милиони евра.
И можеби темата на мојава колумна ќе беше сосема друга, доколку на телевизија не здогледав дека првите, најзагрижени луѓе (на време информирани од главниот сценарист), кои застанаа зад одбраната на огромниот криминал тежок милиони евра, се градоначалникот и секретарот на нашата општина, претседателката и секретарот на СДСМ Куманово и директорот на ЈП „Водовод“. Воопшто не ми беше чудно зошто се таму, бидејки сум свесен дека имаа наредба да бидат таму (од главниот сценарист). Единствено не ми беше јасно во кое својство се таму и дали знаат зошто се таму? Дали се свесни воопшто која е причината да бидат таму (освен наредбата од главниот сценарист дека мора да се таму), и што подржуваат со нивното присаство таму (криминал тежок милиони евра)? Дури сега станува сосема јасно зошто истите овие луѓе вршеа политички притисок пред судот во Скопје, и таму дадоа „безрезервна подршка" на нивниот сопартиец Заев, кој беше под истрага за слични дејанија (барем по тежина мерено, изразено во евра-осум милиони). Наравоучение, кога на улица те брани целото раководство на СДСМ, тешки милиони се во прашање. Вакви или онакви, ќе оставиме надлежните институции да кажат.
По неуспешното сценарио и неуспехот да се измами и изманипулира народот, по уште еден неуспешен митинг на СДСМ и коалиционите партнерчиња на локацијата "Перо Наков бб", функционерите на СДСМ се вратија во своите градови, и имаа ден-два за резимирање на состојбата, која вели дека сценариото било смислено, но веќе видено и катастрофално лошо оценето од народот (пишано од потрошен и веке прочитан сценарист). Манипулацијата не помина, планираната подршка од народот ја немаше, и ќе ја нема уште долго, а како факт остана криминалот тежок милиони евра, зад кој свесно или не, застана целото раковоство на СДСМ од Куманово.Ја согледаа веднаш катастрофалната грешка во сценариото каде наместо "главни глумци " СДСМ-овците од Куманово излегоа главни губитници. Дали нашите сограѓани го избраа градоначалникот да дава подршка на секој сторен криминал потежок од милион? Дали "лидерите" на СДСМ во Куманово треба да го прават истото и да даваат изјави во лажно еуфорична атмосфера, изјави со кои мислеа дека кумановчани се со толку низок степен на политичка култура, па може да ги манипулираат и понатаму? По овој невиден срам за локалниве сдсм-овци,под итно требаше нешто да се стори за да се спаси што може да се спасува, барем пред граѓаните на Куманово. И како да не беше доста од веќе видени сценарија, па на кумановскиот плоштад се собираа потписи за "подршка на слободата на медиумите во организација на А1".Прв подршка, се разбира даде градоначалникот, секретарот на општината, директорот на ЈП “Водовод“, некој "случаен минувач„, близок на СДСМ и толку. Сценариото повторно не профункционира. Бројката на потписи, вистинска катастрофа. Ново сценарио и нов резил. И до тука се ќе беше невредно за спомнување, доколку од еднаш, вработените од јавните претпријатија и образованието "спонтано" и по "своја воља" не притрчаа и дадоа каква-таква подршка за слободата на медиумите. Се собраа како што беше кажано во медиумите близу 1000 потписи (лично се сомневам бидејки фактичката состојба кажуваше нешто сосема друго), сакајќи да се отргне мислата на кумановчани од срамното сценарио ден-два пред тоа. Но повторно не успејаа. Не им успеа да се изманипулираат над 105 000 граѓаните на најголемата општина во Македонија. Оние наши сограѓани кои "спонтано„ и по „своја волја " се потпишаа, верувајте ми на зборот, сега исто така „спонтано“, „доброволно“ и по „своја воља“ ќе МОРААТ да се соберат, и да се качат во автобусите кои за некој ден ќе ги носат до Скопје, на маршот во организација на Б.Ц и СДСМ како дел од „сценариото“. „Доброволните“ списоци се пуштени по јавните претпријатија, основните и средните училишта, и на сите вработени им е кажано дека „доброволно“ ќе МОРА да се потпишат на список за присуство во автобус. „Доброволно“ и по „своја воља“ ќе МОРА да присуствуваат како статисти во сценариото на Б.Ц. и СДСМ на маршот во Скопје. И воопшто нема да може никој да им замери, поради тоа што нашите сограѓани вработени во овие институции се под директни ингеренции на градоначалникот и директорите, сите до еден партиски кадри на СДСМ. Од тоа присаство им зависи и онака нередовната плата во ЈП „Водовод“ и нивната егзистенција, им зависи продолжувањето на договорите за работа во училиштата и по јавните претпријатија, а на други пак им зависат одамна ветените предизборни вработувања итн.Колку наши сограѓани вака „доброволно“ ќе заминат, незнам, но едно сигурно знам. Знам дека истите тие кумановчани имаат свое јас, знам дека од вакви притисоци и манипулации со нив им е преку глава, и знам дека на наредните избори ВИСТИНСКИ, ДОБРОВОЛНО ќе излезат да гласаат. За кого? Сигурен сум, овојпат ВИСТИНСКИ и ДОБРОВОЛНО, по своја воља ќе решат.
Советник во совет на Општина Куманово од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Бобан Николовски
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*