×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Република Македонија - 3 Д

    Мирослав Трлин

    Па да тргнеме од почеток – Декларативна, зошто држава која најповеќе се повикува на демократија, во која скоро сите регистрирани политички партии се – демократски, иако во најголемиот број во истите не постои внатрепартиска демократија, држава во која, секој донесен закон е “демократски и во согласност со Европските закони”, во која благо речено царува неизмерна правичност, еднаквост и почитување. Но дали е тоа така. Го поставувам основното прашање – дали е можна демократија во држава со огромна сиромаштија и невработеност поголема од триесет проценти? Дали оваа огромна сиромаштија и невработеност е резултат на неспособноста на власта да се справи со овие проблеми или можеби е тоа проектирана состојба на сиромаштија и невработеност за да истата полесно може да манипулира со граѓаните како гласчи во изборниот период.Тука на услуга им е и Изборниот Закон кој прво со поделеноста на шестте изборни единици а сега и плус три од дијаспора, и со примена на Донтовиот модел за пресметување на освоените мандати, кој впрочем ги фаворизира големите партии, им овозможува перфидна контрола на изборните резултати со помош на сите дозволени и недозволени методи на ионака истоштеното гласачко тело кое во досегашната пракса не ги почувствува благодетите од демократијата. Во законот се крие и најголемата измама за гласачите кои при гласањето ги заокружуваат затворените листи понудени од партиите или коалицијите, а по избори, избраните пратеници сами одлучуваат дали ќе останат во матичната партија или ќе прават трансвер во некоја друга, веројатно многу јасно од кои побуди, притоа како мандатот да го добиле на отворени листи изгласани од граѓаните. Згора на тоа се надовржува и оштата поделеност на граѓаните на “наши“ и  “ваши“ до граница на нетрпеливост и омраза се со цел за поефикасно владеење на победниците. А како награда за сработеното се добива вработување,или ветување за вработување или некоја друга можна привилегија, нешто кое по своја содржина е уставно загарантирана право на секој граѓанин. Со тоа се издигаат над законот оние кои за себе говорат дека се демократи,  дека сите граѓани имаат исти права и дека тие кон сите исто ќе се однесуваат. Дали во прилог треба да се спомнуваат безброј селективни пристапи од страна на власта, самобедисаното однесување, и неконтролирано, нерезонско и непродуктивно трошење на народните пари, и на крај потценувачки однос кон граѓаните на Република Македонија. Колку Република  Македонија е задолжена и каде се потрошиа тие пари кои ќе ги враќаат и идните генерации ни криви ни должни. Дали постои македонска економија и со која цел – задоволување на чии потреби?  Кои се стратешките определби на државата – НАТО, Европска унија, и како до нив. Дали навистина власта која не води, и која се избори за уште еден мандат, има визија за иднината на Република Македонија, има чесни намери со оваа млада и недооформена држава. Дали постои клима на колективна надеж за сите граѓани на Република Македонија без оглед на националната припадност,политичката определба или верско убедување, дека ќе се почуствуваат вреднувани во сопствената држава  да ја почувствуваат иднината. Старо-новата власт мора да разбере дека несмее демократијата да ја поима како општествено уредување во кое број на черепи е побитен од бројот на мозоци. Во Уставот член 2 пишува –“Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување”. И во член 9 пишува –“ Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба.

    Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви”. Ве потсетувам на Уствните одредби затоа што граѓаните истите ги чувствуваат само декларативно, а кога сакаат да ги доживеат во пракса, е тогаш мора да се изјаснат за партиската припадност, да ја докажат партиска активност и тогаш да бараат да се почувствуваат како граѓани од прв ред. Но не заборавајте дека Република Македонија според Уставот гради граѓанско општество,кое за сега во праксата тоа е само декларативна заложба исто како што е и демократијата. Во нормални демократии, сите партии на политичка сцена имаат една цел – успешна економија, полна вработеност, стабилна, сигурна и правична држава, а се разликуваат по предложените методи за остварување на главните цели, и на тој начин ја добиваат довербата од гласачите. Како е кај нас, проценете сами. Ако навистина имаме демократски систем, граѓаните, изборите ќе ги доживуваат како празник,а избраната власт ќе биде подеднакво добра и за победниците и за победените,или подобро речено ќе нема поразени. Зато сметам дека е крајно време да се позабавиме со решавањето на реалните проблеми кои ги притискаат граѓаните. Почнувајки од борба со сиромаштијата, невработеноста, јакнење на правна држава, создавање на чувство на еденаквост, домаќински однос кон парите собрани од граѓаните, и поглед кон иднината, кон создавање реална клима на стабилна држава во која странските инвеститори сами ќе дојдат, без да праќаме емисари по светот за да ги убедат да дојдат. За сложеноста на ситуацијата не ни е никој крив освен неспособноста на владеачката гарнитура да ги решава настанатите проблеми, а не да ја замаглува реалноста со реклами, споменици,  црвени панделки и илузионистички Манифест. Едно е сигурно, тие што ја довеле државата во оваа состојба, сигурно не се вистински избор за да ја извадат државата од безперспективност, и да дадат трунка надеж дека Република Македонија има шанси за извесна иднина, за иднина на млади генерации, за евроатланска Република Македонија.

    Дип. економист член на ЦО на НСДП

    Мирослав Трлин

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*