×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Силата на еден народ

    Дејан Ристов

    Поминаа пеколни недели за сите нас во државата. Притисокот доживува кулминација и ескалираше во Куманово со стравичен терор на 9-ти и 10-ти мај, кој за среќа заврши. Но горчината остана во сите нас, посебно кај граѓаните на Куманово кои непосредно го доживеаја ударот кој со својата бруталност и ништожност, испрати јасна порака до државата и граѓаните за бескруполозноста што не демне и не ни дава слободно да битисуваме, онака како што само ние сакаме. Насилството предизвика страв кај луѓето, паника, неизвесност за она што следи. Многумина беа затечени, иако имаше најави за безбедносна дестабилизација на земјата. На нападот му претходеше неколку дена насилни протести пред Владата, во која имаше околу 40 повредени полицајци. Крвавиот епилог од кумановската антитерористичка борба беше 8 убиени полицајци и 38 повредени, а од терористичката група беа ликвидирани 10, додека останатите 30 се предадоа на полицијата. Еден дел од опозицијата предводена од СДСМ и Зоран Заев, со месеци емитува бомби и протестира пред македонските институции. Последните неколку беа насилни, при што директно беше нападната полицијата која, до крај се воздржа, да не влезе во судир со насилните демонстранти. Издржавме многу кризни ситуации ќе помине и ова, иако е направена голема штета. Обидите да се поремети нормалниот развој на Република Македонија не успеаа во целост. И покрај фрагилноста на нашето општество, секогаш чувствителните меѓуетнички односи и економската несигурност на многу наши сограѓани, сепак успеавме да се додржиме од канонадата која ја трпиме со месеци, а која како да беше синхронизирана со терористичкиот напад во Куманово. Со месеци Заев и неговото опкружување ги раскопуваше темелите на државните институции, ја креваше тензијата со неговите телефонски конструкции, фабрикувани за само една цел, да се делегитимира актуелната власт. Толку посакува да успее во целта , што не ни бира средства, се е во игра, дури и меѓуетнички конфликт меѓу македонците и албанците. Запрепастувачки делува, но тоа е реалноста. Како да се справиме со овој варваризам, демонстриран од веќе дезориентираниот СДСМ и корпусот од невладини организации, кои го проширија фронтот за конечен удар на македонската државност. Одговорот беше испорачан на 18-ти мај на најголемиот и најубавиот митинг организиран од ВМРО-ДПМНЕ. Народот длабоко во себе почувствува дека е сериозна ситуацијата, дека легитмната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е нападната, дека народот и државата се изложени на агресија од која треба да се издржи. Толку многу народ со толку позитивна енергија, како на празник. Стравот и нелагодноста од пред само една недела беше исчезнал, го немаше , на огромен простор пред македонското собрание стоеше слободно и гордо македонскиот народ. Бевме изложени на голем презир и навреди од страна на СДСМ и неговите идеолошки истомисленици. Стево Пендаровски, инаку претседателски кадндидат од 2014 не можеше да се воздржи и народот свој го нарече роботи, демек без свест, без сопствена волја, зомбија делегирани од еден центар, што претпоставувам мислеше за себе и неговите малодушни соработници кои се најгласни застапувачи на тезите дека некои прашања не заслужуваат одговор, дека постои само една алтернатива и слично. Еден ден пред големиот народен митинг, во недела на 17-ти мај, СДСМ сакајќи да демонстрираат единство во намерите да ја сменат власта , организираа протест пред Владата. Одредени портали поддржани од Сорос, не штедеа простор протестот да го претстават како најмасовниот граѓански собир на кој присуствуваат сите етнички заедници и општествени групи, дека сета општествена плуралност беше пресликана на тој собир. Сакаа да покажат дека пред Владата се наоѓаат граѓани , индивидуи со јасно изградени ставови и интереси, а еден ден подоцна пред Собранитето, аморфна маса, нинструментализирана за да ја спаси кариерата на премиерот Никола Груевски. Цело време продаваат лажен космополитизам, и воопшто не се штедат да предизвикаат непријателски однос кон патриотизмот. Позитивниот национализам, што претставува љубов кон својата татковина и народ намерно го поистоветуваат со национал-шовинизмот, за да го означат како некаков ерес, тоталитарна хистерија, а не гледаат дека, единствените анти-демократски креатури се токму тие, со нивната цензура, која стигматизира се што отстапува од курсот на глобализаторската левица, олицетворена во мрежи како што се Сорос и неговите извршители. Се навикнавме одамна на ваков третман, на елитистичко-пропагандистички атаци на се што е македонско, се што размислува поинаку надвор од атомизирачката идеологија, која илустрира алиенирани индивидуи, инволвирани во повремени субкултурни асоцијации и се одликува со голема аверзија кон националното чувство. Кога се на власт со сите сили се обидуваат да ни го уништат чувството на припадност кон македонскиорт народ, и да го претстават како нешто ретроградно, застарено, карактеристично за пониски форми на цивилизациско уредување. Никогаш не им успеало, нема ниту сега за што говори и величествениот митинг пред една недела, кој е со иста големина на оние од 8-ми септември 1991-ва и 2011-та година.

    Нашиот дом е Македонија. Оваа земја е во длабока и нераскинлива врска со нас, родените во неа. Кога домот ни е загрозен тогаш и ние сме, кога би го испразниле домот, тогаш тоа повеќе не би било дом , ако дозволиме да исчезне тогаш и нашиот крај како македонци е извесен. Огромното историско искуство од напади врз нашето постоење не прави да бидеме многу силни како народ, и затоа на 18-ти мај испративме јасна порака, дека нема да дозволиме никакви сценарија против нашата држава, ништо од тоа, сакаме само мир и достоинство за сите, така и ќе биде.

    Дејан Ристов Дејан Ристов, политиколог

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*