×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Споменици или живот ?!

    Снежана Захариева

     Во секое домаќинство се води сметка првин да има пари за елементарните потреби на семејството: храна, лекови, образование на најмладите и да се платат сметките и даноците кон државата. Ако остане некој денар ќе се троши и на луксуз, ќе се реновира куќата, ќе се купи нов мебел... Ама владата не мисли, ниту прави така. Кај нас заседаваат комисии кога треба да се одобрат средства за лекување на болните во странство, а за спомениците, жалните врби и барокните зданија само ќе слушнеме колку пари се потрошени, а никој не не прашува дали ни се потребни и дали сакаме така да се трошат нашите пари. Граѓани на Македонија се и оние што не живејат во Скопје. Некои од нив, заради неразвиената патна инфраструктура до руралните средини никогаш нема ни да ги видат овие зданија направени од парите што и тие ги даваат по основ на различни даноци кон државата. Искрено не се вложува само во споменици, се вложува и во здравството. Се купија скапи медицински апарати по суми многу повисоки од реалните, оние кои гражаните многу лесно можат да ги видат на интернет, се реновираат фасади на болниците, ама се доцни со тендери за набавка на цитостатици и други лекарства. Некогаш фалат дури и обични ракавици за еднократна употреба по болниците. Нема пари за вработување на медицински персонал, а и оние што останаа во јавното здравство секојдневно размислуваат како да ги напуштат работните места и да заминат во приватни здравствени установи. Армија луѓе работат како волонтери за 4000 денари месечно, сума која е повеќе од понижувачка, а 24 часа се изложени на ризик од различни заболувања. 

    Затоа ги нема љубезните насмевки на персоналот во јавното дравство, а во приватното е друга приказна. Но, социјалниот статус на македонските грѓани е таков да немаат сите финансиска моќ да се лекуваат приватно. Во држава со 30 одсто сиромашни граѓани и 50 проценти невработени млади луѓе, невозможно е лекување во странство, а стресната живеачка секојдневно си го зема данокот. Се повеќе млади луѓе со сериозни и тешки заболувања бараат помош и лек во други држави. Колку им е тешко знаат тие и нивните најблиски. Животот се претвора во битка со болеста, немаштијата и бирократските лавиринти. Нашата платежна моќ е мала, ама хуманоста ни е голема. За жал не секогаш успеваме да им помогнеме на оние кои бараат помош, па изгубената битка со болеста создава чувство на болка, но и бес што без трошка срам продолжува истата песна; истата преродба, работиме 24/7, остваруваме... Ама што остваруваме? Тоа што му треба на народот или тоа што го зацртал еден круг на луѓе во своите глави? Ако продолжиме вака ќе излезе дека поважни се панорамските тркала, палми, врби, ангели и којзнае што уште е поважно од здравјето на граѓаните. Нели е поважно да се потрошат пари за едукација на умни, млади луѓе кои ги имаме во изобилие, но тие ни бегаат во странство. Не треба ли постојано да се достапни лекарства од витално значење на нашите граѓани? Нека се троши за патна инфраструктура и развој на земјоделието, да се отворат произвотствени погони во кои ќе се вработат дел од армијата невработени. Само така ќе се доближиме чекор поблиско до ЕУ и НАТО. Ако продолжиме вака ќе останеме изолиран пуст остров опкружен со држави кои некогаш беа на многу пониско скалило од нас. Заслужуваме ли такво нешто? Зависи, не само од владата туку и од нас. 

    П.С. Македонија падна пет места подолу на листата на европскиот индекс за користење на здравствени услуги. Хрватска пак, се искачи шест места погоре. Критериуми за рангирање на европските држави на оваа листа се: времето на чекање за здравствена услуга, исходот од лекувањето, опфат и опсег на пружени услуги и лекови. Иронично, процентот на мртвородени деца од 34 европски земји е најголем во Македонија- 11 на 1000 родени!!! Очигледно, „неуморното„ работење на министерството за здравство е само пропаганда...

    Претседател на СДСМ Куманово и советник во Советот на Општината

    Снежана Захариева

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*