×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во очекување на 24-ти април

    Дејан Ристов

    Резигнирани и пропагандно обременети, последните неколку месеци на државна и општествена регресија,полека се навикнуваме да живееме во новонастанатата состојба на криза. Криза,потикната од криминална политика која се манифестира во сите сфери на општеството, а чиј крај сакаме да го видиме на 24-ти април 2016-та година.Наметната од внатрешните политички фактори како СДСМ, а легитимирана од страна како реален граѓански протест кон неодговорната власт. Кулминација на истата придонесе до целосна блокада на политичкиот систем кој со најновиот договор и конститутивен редизајн , веќе не може да се препознае.Уставот и неговата централна улога одамна не се спомнува за што говори и тоа што на 17-ти номеври ,на 24- годишнината од неговото донесување,одбележувањето помина онака скромно, незабележително.Наместо реафирмација на граѓанскиот концепт секој ден слушаме како договорот од Пржино станува услов без кој не се може понатаму.Гласноговорниците на овој дил од утро до вечер,секој ден, не убедуваат дека иднината на државата зависела од реализација на договорот кој воедно е и еден од главните инструменти за суспензија на трите власти.Со него се верификуваше замрзнувањето на еден добар дел од инстутционалниот капацитет на државата.И се тоа под плаштот на наводно донкихотовската и епопејска борба на СДСМ и коалицијата, за човекови права и слободи,за враќање на демократијата,ревитализација на институциите на системот кои треба да му служат на граѓанинот и слично.Нивната политичка активност изминатата година предизвика неколку работи.

    Дестабилизација на државата,која предизвика проблеми на и онака одличните промени во инвестициите и смалената невработеност .Истата негативно се одрази на економските движења, при што не дозволи во целост да се реализираат позитивните проекции.

    Блокада на институциите –Поставувањње на ветозаменици на министри за да блокираат се што мислат дека ќе им замириса на предизборно корумпирање на гласачите, и на технички министри кои се уште чекаме да видиме која е нивната главна задача.

    Проширени ингеренции на државната изборна комисија,што навистина е тешко да се објасни.Комисијата стана нешто како Врховен орган за се и сешто.Како дојде до ваква концентрација на моќ?Иронизирајќи може да изведеме заклучок, дека и онака секоја година има избори па некој се обидел да логицира и од таквиот неуспешен обид да бара подобра ефикасност и транспарентност.

    Дополнителен услов за нашето евро-атланско интергрирање стана реализацијата на новоизмислените реформи во системот,кој наводно нереформиран систем, наеднаш станува причина зошто до сега немало придвижувања .Најважно во стратегијата на СДСМ е да се прикаже повеќегодишен континуитет на системска криза која блокадата од Грција ја става во втор план, бидејќи ете имало и други работи кои не кочат.

    Ширење на страв меѓу граѓаните, јакнење на чувството на незивесност и се поголемиот цинизам форсиран од СДСМ.СДСМ и коалицијата не пропуштаат прилика да кажат како тоа ние сме презадолжени,во секој момент може да банкротираме,дека војната ни е пред врата а за тоа секако најголем виновник е ВМРО-ДПМНЕ.

    Враќање на полтронството како мејнстрим стратегија во политичкото опстојување на државата.Тоа од секогаш е присутно но сега ескалира со маршот на залетените политички,новинарски и НВО карикатури.Тука постои една работа која сакаат да ја продадат а тоа е да се убеди македонската и меѓународната јавност дека Никола Груевски е национал-шовинист и диктатор , а тие да се прикажат како прагматичари,онаму кај што мислат дека треба, да се продаде приказната, дека СДСМ и компанија се демократи и прозападни ,отворени за соработка ,за компромиси со секого и за се ,спремни за проширување на политичките концесии кои се бараат сега и оние што ќе се бараат во иднина.

    Трошење на силата и државните ресурси за делумно решавање на наметнатата криза,при што вниманието за други прашања,пред се за надворешната политика и геополитичките промени,се повеќе е тешко да се заддржи.

    Ова се само неколку од последициите кои ги предизвика авантурата на СДСМ и помала група на нереализирани политичари и корисници на разни фондови,која ја нарекоа “Вистината за Македонија”.Во овој атак врз државата и дерогирање на институциите, земаа учество и граѓани кои искрено веруваа дека навистина се работи за некакво демократско освежување,унапредување на граѓански права и слично .Нивните очекувања се изневерени од манипулаторската и крајно подмолна тактика на знаменосците на ова сеопшто уназадување.

    Дејан Ристов Дејан Ристов, политиколог

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*