×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Значење на странските инвестиции за економијата на Република Македонија

    Д-р Мартина Крстевска

    Ефектите од странските директни инвестици (СДИ) зависат од многу фактори, но обемна економска литература потврдува дека СДИ се катализатор на економскиот развој и генерален е заклучокот дека се еден од најпотткнувачки фактор на економски раст во земјите од транзиција. Преку СДИ се обезбедува дополнителен капитал, транфер на технологија, знаење, зголемување на вработеност.

    Ефектите на СДИ врз вработувањето може да бидат директни и индиректни. Во случај кога странскиот инвеститор започнува вложување во нов капацитет во земјата домаќин доаѓа до директно вработување и зголемување на стапката на вработеност во земјата домаќин. Индиректни ефекти врз вработувањето се постигнуваат кога странскиот инвеститор набавува полупроизводи од локалните понудувачи со што доаѓа до зголемување на побарувачката на домашниот пазар за полупроизводите и зголемување на вработеноста кај локалните понудувачи.

    Ефектите врз вработувањето се помали во случај кога странскиот инвеститор врши увоз на полупроизводите и суровините.

    Позитивни ефекти од СДИ за земјата примател се остваруваат и преку пренесување на знаење и технологија. Со влез во земајта примател странските инвеститори вршат трасфер на технолошко знаење и може да придонесат домашните компании да ги подобрат своите перформанси и конкурентноста. Ова посебно се овозможува со соработка помеѓу домашните компании и странските инвеститори како и со трансфер на вработените од странските во домашните компании.

    Во случај кога странските инвестииции влегуваат во домашните комании доаѓа до реорганизација и зголемување на ефикасноста на комапанијата преку влез на дополнителен капитал во компанијата и остварување на поголемо производство (економија од обем). Значењето на дополнителниот капитал уште повеќе се зголемува доколку домашната компнијата е нерентабилна и која без дополнителниот капитал би се затворила.

    Иако странските инвестици предизвикуваат конкуренција на домашните компании во исто време тие предонесуваат за забрзување на економскиот развој преку зголемување на напорите на домашните комапнии да ја зголемат ефикасноста, продуктивноста и конкурентноста.

    Владата на Република Македонија води стимулативна политика на привлекување на странските инвестиции и максимално е посветена на креирање на поволна клима за привлекување на странските инвеститори. Еден од основните приоритети на Владата е создавање на макро-економска стабилност која е од особена важност за странските инвеститорите при изборот на земја за инвестирање. Макроекономска стабилност во Република Македонија се остварува преку водење на стабилна монетарна и фискална политика.   Стабилна   монетарна   политика   во   изминатиот   период   се   остваруваше  преку таргетирање на девизниот курс во однос на еврото, овозможувајќи ниско ценовно ниво и ниска и стабилна инфлација.

    Република Македонија има потпишано бројни регионални, билатерални и мултилатерални договори за слободна трговија кои се од особено значење за либерализација на земјата.

    Од особено значење за привлекување на странските инвестиции претставува рангирањето на Република Македонија во меѓународните извештаи, каде подобро рангирање овозможува зголемување на репутацијата на Р.Македонија и зголемување на интерес на странските инвеститори за Р.Македонија. Како резултат на континуираната работа на Владата на Република Македонија и крупните реформи во однос на намалување на данoците, зголемување на ефикасност на царината, Катастарот, Цвентралниот регистар, според извештајот на Doing Business Република Македонија е меѓу првите десет врвни реформатори и петта на листата на земјите кои најмногу ги имаат подобрено условите за водење на бизнис.

    Интензивна политка на привлекување на странските инвестиции се врши и преку засилени маркетинг кампањи со кои на светските телевизии и печати Македонија се претавува како поволна дестинација за инвестирање и туризам.

    Важен показател за ефективноста на владината политика во однос на привлекување на странските инвестиции се инвестициите на повеќе инвеститори и тоа: Џонсон Контролс, Кемет електроникс, Кромберт и Шуберт, Дрексел Мајер, Стил Кон, Ван Хул, Еинфлоу итн.

    Општата оценка е дека Р.Македонија за да обезбеди стабилен и оддржлив раст и развој мора да користи странски капитал како дополнителна акумулација, при што особено е значаен влез на странски капитал во пропулзивните индустрии. На овој начин ќе дојде до технолошко преструктуирање и премин од екстензивен кон интензивен технолошки развој, раст на бруто домашниот прозивод и интергрирање на Република макдонија во светските глобални трендови.

    Д-р Мартина Крстевска Мартина Крстевска, Доктор по економски науки, член на ВМРО-ДПМНЕ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*