Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре во 19:30 часот ќе биде отворена првата самостојна изложбата на Драган Бошковски од Куманово.
На изложбата ќе бидат поставени 22 дела, работени во техниките масло на платно и лесонит, како и темпера на хартија, картон и платно.
Бошковски со ликовната уметност се занимава во континуитет веќе педесетина години, започнувајќи со своето прво дело кое го има насликано на 13 годишна возраст. Во периодот од 2001 до 2024 година, со своите дела редовно учествува на изложбата „Самоуки“ во организација на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово.
Неговиот творечки опус надминува четиристотини дела, од кои добар дел се наоѓаат во приватни колекции на просторите на поранешна Југославија, Холандија, САД, Италија и Бугарија.
Оваа изложба воедно е негова прва самостојна изложба со која се претставува пред пошироката јавност.
Изложбата е поддржана од Општина Куманово.
Изложбата ќе биде поставена до 02. мај, а ја организира Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности - МОТУС од Куманово.