×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Членарината од 1,8 милиони евра редовно ги раскарува раководствата на пензионерските здруженија

    06.02.2023 11:24 | KumanovoNews

     Повеќе од 1,8 милиони евра годишно легнуваат на сметка на пензионерските здруженија. Пари кои на пензионерите им се земаат како задолжителна членарина од пензиите.

    Членарината од 1,8 милиони евра редовно ги раскарува раководствата на пензионерските здруженија

    Според последните податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување објавена за минатата година, во декември 314.368 пензионери се согласиле да им се запираат пари од пензиите за Солидарниот фонд како посмртнина, а со тоа се согласиле да плаќаат и членарина на здруженијата, пренесува порталот пари.мк.

    Всушност, ретко кој пензионер (вкупно има 335 743 пензионери) не се одлучува за плаќање посмртнина за да им олеснат на фамилиите по смртта, но доколку сакаат да плаќаат посмртнина пензионерите мора да плаќаат и членарина без разлика дали ги користат бенефициите на здруженијата. Додека дел од пензионерите немаат никаква корист што им се запираат 30 денари месечно за членарина, некои добиваат само календар за празници или учество во пензионерски игри, неодамна караниците меѓу кумановските пензионери за покачените надоместоци покажаа дека парите што им легнуваат на сметка на здруженијата очигледно не ги оставаат рамнодушни раководствата.

    Овие 30 денари кои навидум изгледаат минорна сума кога ќе се земат од еден пензионер, кога ќе се соберат од сите 314.368 пензионери не се ниту малку за потценување. Секој месец по овој основ на Сојузот и здруженијата на сметка легнуваат повеќе од 150.000 евра или годишно од пензионерите од членарина во овие здруженија минатата 2022 година се слеае дури 1,843,600 евра.

    Противниците на одлуката на пензионерите задолжително да им се наплаќа членарина, сметаат дека овие пари ги користат само активните членови во здруженијата, но дури 80-90 проценти од пензионерите немаат никаков бенефит од тоа што им се одземаат овие пари. Еден од начините како овие здруженија може да функционираат е да се финансираат со изработка на проекти наместо да им задржуваат членарина на пензионери кои не стапнале во нивниве здруженија, ниту имале некој бенефит, велат тие.

    Неодамна дел од кумановското здружение на пензионери обвини дека претставници на актуелното раководство си ги зголемиле надоместоците без, како што кажаа да го почитуваат Статутот. Раководството, пак, ги негира ваквите обвинувања, оценувајќи дека се работи за притисок во пресрет на изборите што треба да се одржат во март.

    Собранието на Здружението на пензионери Куманово и делегати обвинија дека раководството донело одлука за зголемување на надоместоци за претседателот, потпретседателот и секретарот. Како што посочија на прес-конференцијата, раководството се повикало на непостоечка одлука, укината во 2016 година. Според нив, лицата две години добивале по 1.000 денари за присуство во Собрание, иако, како што велат, тоа не им следува.

    „Зголемувањето на надоместоците за претседателот било од 12.000 на 14.000, на потпретседателот од 11.000 на 12.000 и на секретарот од 10.000 на 12.000 денари. Покрај оваа повреда на Статутот, направена е и уште една отстапка од споменатото раководство, на ним им се исплаќаат и средства за присуство на седници, иако тоа е незаконски“, изјави тогаш Назим Емини, претседател на Собранието на Здружението на пензионери Куманово.

    Сојузот на здруженија на пензионери вклучува 53 пензионерски здруженија кои добиваат средства според бројот на членови. Средствата кои ги добиваат здруженијата беа редуцирани од 45.000 денари по 10 000 или 25.000 денари

    ОД СОЛИДАРНИОТ ФОНД ИСПЛАТЕНИ 400.000 ЕВРА ПОВЕЌЕ  

    Сојузот на здруженија на пензионери од февруари лани го зголеми надоместокот за Солидарниот фонд. Наместо вкупно 150 денари (30 за членарина и 120 за Солидарниот фонд) сега од пензиите се одвојуваат 180 денари (30 членарина и 150 за Солидарен фонд). Пари кои кога ќе почине корисникот на пензија му се исплаќаат на неговото семејство како еднократна помош која во висина од 30.000 денари

    Во 2022-ра година од Солидарниот фонд на фамилиите со починат пензионер им се исплатени 8,6 милиони евра за починати 18. 581 пензионер.  Во однос на 2021-ва година, лани се исплатени 400.000 евра повеќе.