Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за здравство информира дека кај 9 пациенти, е детектирана е омикрон варијантата на SARSCoV2 вирусот.
Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот омикрон, при што се изработени 24 примероци позитивни на SARSCoV2.
Примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци.
„Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани“, соопштуваат од Министерството.