Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за образование најавува дека oд 04 ноември годинава сите пријави за признавање на странските дипломи и образовни квалификации, како и плаќањето за услугите ќе се поднесуваат само и единствено преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk. Со дигитализацијата се поедноставува постапката и се намалуваат трошоците на апликантите.
„Изработениот позадински софтвер овозможува електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството за образование и наука и на овој начин значително се крати времето, но и дел од трошоците кои настануваат при користењето на оваа услуга“, велат од МОН.
Дигитализацијата и осовременувањето на услугите се приоритетна цел на МОН.Со тоа се фаќа чекор за модернизација и интеграција на националниот образовен систем со европскиот.