Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До февруари следната година сите регистарски таблички на автомобилите кои имаат ознака „МК“, ќе мора да ја имаат новата ознака „НМК“ која произлегува од Преспанскиот договор, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката “МК“ со ознаката “NMK“. Согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 293/2020), сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година“се вели во известувањето на МВР.