Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На расправата на Комисијата за европски прашања во Собранието, по неколку часовната тензична атмосфера дојде до физичка пресметка помеѓу претседателот на комисијата Арбр Адеми и пратениците на опозицијата, во обид да го исклучат микрофонот и да ја прекинат гласањето на дневен ред.
Расправата се однесуваше за законските измени со кои на судиите кои наскоро треба да се пензионираат, треба да им се продолжи работниот век, до изборот на нови.
До инцидентот дојде кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ противејќи се на законските измени, го заобиколија пултот на Адеми кој раководи со седницата.
Откако пратеникот Антонио Милишоски да му го исклучи микрофонот, претседателот на Комисијата Арбр Адеми одговори со навреди, трескање по масата и фрлаше со чаши и шишања со вода кон насобраните пратеници.
„Вака се однесува претседателот на КЕП! Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со 'каубојците“ од власта!“, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков споделувајќи видео од мобилен телефон.
Од ДУИ соопштија дек го осудуваат насилството што денес на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието го извршија пратениците на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратениците на Алијансата за Албанците.
„Секогаш кога тема на расправа и на дневен ред во Собранието е воспоставувањето правда во државата, ВМРО ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство со цел да го заштитат криминалот и секогаш се појавуваат против правилното функционирање на правосудниот систем“, соопшти ДУИ.