×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Јануарските пензии повисоки за 2,9 отсто - исплатата започнува утре

    25.01.2022 08:38 | Сузана Николиќ

    Утре започнува етапната исплата на јануарски пензии, зголемени за 2,9 % по основ на усогласување со порастот на трошоците за живот, соопштува Министерството за труд и социјална политика.

    Јануарските пензии повисоки за 2,9 отсто - исплатата започнува утре

    Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.

    Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

    За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.01.2022 година (среда);

    За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.01.2022 година (четврток);

    За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.01.2022 година (петок) и

    За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.01.2022 година (понеделник). 

    Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 јануари (среда). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

    Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

    Истовремено, МТСП ги информира пензионерите дека  јануарските  пензии ќе бидат зголемени за 2.9% согласно законското усогласување кое се врши два пати годишно во јануари и јули. Усогласувањето се врши според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика. 

    (фото. архива)

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk