Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кратење на директорски места, членови на управни одбори, затворање или спојување на агенции кои имаат исти надлежности, сето ова се планира со реорганизација на администрацијата, најавена за 2024.
Фото: pixabay.com
Ресорниот министер уверува дека нема да има отпуштања по министерствата, бидејќи, како што вели, има дефицит на вработени, пренесува Прес24.
„Ќе се намали бројот на директори и на членови на управни одбори, а не на вработените. Ќе имаме дефицит на вработени во централната власт. Вработените ќе останат, а ќе има директори кои во 2024 година нема да бидат повеќе на таа позиција“, вели Адмирим Алити.
Реформите во администрацијата се неопходни, порача евроамбасадорот Гир, иако , признава, се работи за политички процес кој е исклучително чувствителен.
Веќе се направени пилот проекти за реорганизација во три министерства за земјоделство, економија и информатичко општество, со цел да се постигне ефикасности и транспарентност, но и да се избегнат досегашните лоши практики.
Пилот проектите се спонзорирани од ЕУ, преку ИПА фондовите.