Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со цел да се заштити домашното производство, и да се одржи снабдувањето на домашниот пазар и за да се избегне растот на цените, во насока на задржување на стандардот на граѓаните, Владата го ограничување на извозот на одредени производи.
На предлог на Министерството за економија беше донесена и одлука за ограничување на извозот на огревно дрво и пелети до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година, со цел да се спречат и избегнат последиците предизвикани од зголемената побарувачка на населението за огревно дрво предизвикана од енергетската криза на светскиот пазар.
Предходно вицепремиерот Фатмир Битиќи, ги повика инспекциските служби да излезат на терен и да ја проверат состојбата, по реакцијата на граѓаните, дека цените на огревно дрво и пелети се двојно поскапи, но и да сакаат да купат - нема од каде.
„Ние уште денеска ќе го повикаме инспекторатот да излезе на терен и да потврди дали се вистинити ваквите изјави. Јас сметам дека трговците имаат залихи, но вештачки се прави ваква паника, за шпекулативно да се зголемат цените. Исто како кај храната. Да имавме закон за профитерство, лесно ќе реагиравме, изјави Битиќи, вицепремиер за економски прашања.
За да се спречат сериозни пореметувања на пазарот во земјата, кои може да настанат со извоз на пченица и брашно од земјата, Владата донесе одлука до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година да се ограничи извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица.
Во услови на економската криза предизвикана од воените случувања во Украина и пореметувањата на светскиот пазар на пченица на кој се јавува сериозен недостиг на пченица, потребно е да се превенираат евентуалните дополнителни нарушувања на пазарот во земјата кај овие основни прехранбени производи, неопходни за исхрана на населението.