Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мандатарот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва ги соопшти имињата на новите министри кои ќе дојдат од неговата партија.
Министер за внатрешни работи останува Оливер Спасовски, а Љупчо Николовски се враќа во Министерството за земјоделие.
На чело Министерството за одбрана ќе застане Славјанка Петровска, а Благој Бочварски останува министер за транспорт и врски.
За нов министер за правда ќе биде професорот по кривично право Никола Тупанчевски, додека досегашниот министер за правда Бојан Маричиќ станува вицепремиер за евроинтеграции.
Фатмир Битиќи останува вицепремиер за економски прашања. Нов министер за образование ќе биде Јетон Шаќири, досегашниот министер за информатичко општество и администрација.
Поранешната пратеничка од СДСМ Славица Грковска доаѓа на вицепремиерското место за борба против корупција.
Актуелната пратеничка Бисера Костадиновска-Стојчевска од Битола е предложена за нова министерка за култура.
Ковачевски утре ќе го поднесе предлогот за нова влада до Собранието, по што се очекува претседателот Талат Џафери да закаже седница за нејзино гласање.