×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кризниот штаб предлага со закон да се ограничат цените на приватните болници за лекување на ковид болните, кажа Филипче

    12.04.2021 18:20 | KumanovoNews

    Главниот кризен штаб утре до Владата ќе поднесе предлог за изменa на Законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе им се ограничи висината на наплата на финансиски средства во време на кризна или вонредна состојба, конкретно за лекување на ковид пациенти, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    Кризниот штаб предлага со закон да се ограничат цените на приватните болници за лекување на ковид болните, кажа Филипче

    „Го слушнавме апелот на граѓаните, сепак е криза, има потреба да се користи тој болнички капацитети“, рече министерот.

    Претходната недела, за 10 отсто ги намали цените само приватната клиника „Жан Митрев“, а од „Систина“, како што рече тогаш министерот, го известиле дека не можат да ги намалат цените за лекување на ковид пациенти оти немале економска логика.